Uncategorized
Полицијата ги разби опозиционите протести во Москва
Специјалните полициски сили го разбија денеска во центарот на Москва опозициониот “Марш на незадоволните“ и уапсија неколку десетици лица, јави радио Ехо Москва.
Специјалните полициски сили го разбија денеска во центарот на Москва опозициониот “Марш на незадоволните“ и уапсија неколку десетици лица, јави радио Ехо Москва.
Според извештаите, полицијата, која употребила и физичка сила ги уапсила лидерите на движењето “За човекови права“ Лев Пономарјов и на реформскиот Сојуз на десните сили Борис Њемцов, како и Марина Латвиновиќ, близок соработник на еден од опозиционите челници Гари Каспаров.
Уапсена е и новинарката на Интернет порталот Каспаров.ру., наведува истото Радио.
Организаторите на протестот, различни опозициони сили, не добија дозвола од властите за одржување на демонстрациите чија цел е оспорување на резултатите од вчерашните претседателски избори.
Известувачот на порталот Лента.ру објави дека е уапсена и група млади од Национал-болшевичката партија.
/крај/бе/ис
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Опљачкана аптека на Бит-пазар
Утрово во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта била опљачкана аптека на Бит-пазар. Полицијата направи увид.
„Денеска во 08.15 било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести полицијата.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);