Uncategorized
Опасност од зголемување на бројот на гладни во светот

Секој ден 25 илјади луѓе во светот умираат од глад или болести кои што се последица од глад, а секој пет минути од истите причини умира по едно дете.
Секој ден 25 илјади луѓе во светот умираат од глад или болести кои што се последица од глад, а секој пет минути од истите причини умира по едно дете.
Ова се наведува во најновиот извештај на Светската програма за храна на Обединетите нации. Членови на програмата вчера во Брисел разговараа со претставници на Европската унија од каде побараа финансиска помош од 500 милиони долари за борбата против сиромаштијата во светот.
Рекордната цена на храната и високата инфлација ќе го продолжи трендот на раст најмалку до 2010 година, што би можело да доведе до зголемување на бројот на гладни во светот, но и немири по улиците на сиромашните држави, наведуваат ОН.
Извршната директорка на програмата Џозет Ширан смета дека светската економија сега е влезена во нов опасен период, кои што е предизвикан со скокот на цената на нафтата на глобалниот пазар, што неизбежно ќе влијае на порастот на бројот на гладни во светот.
„Сето тоа води кон појава на нови гладни луѓе во светот“, изјави Ширан додавајќи дека станува збор за луѓе кои имаат пари, но се оневозможени да купат храна со истите.
Ширан оцени дека треба да се очекуваат нови нереди на гладните и незадоволните луѓе по улиците, слични на оние кои порано се случуваа во Камерун, Буркина Фасо и Сенегал.
Светската програма за храна на Обединетите нации изготвува листа од 30 најзагрозени држави во светот, за кои се верува дека ќе претрпат најголеми последици од новата прехранбена криза.
Според проценките, само за Авганистан ќе биде потребно да се издвојат 77 милиони долари со кои ќе се прехранат дополнителни 2,5 милиони луѓе.
/крај/бе/ам
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
(Фото) Ана Ивановиќ јавно ѝ се обрати на својата мајка: Среќен роденден на најпрекрасната и најинспиративна жена на светот

Мајката на Ана Ивановиќ вчера го прослави роденденот, а српската тенисерка јавно ѝ се обрати на социјалните мрежи со заедничка фотографија, на која блескаа во бело издание.
„Среќен роденден на најпрекрасната и најинспиративна жена на светот. Многу те сакам!, напиша Ана.
Ана отсекогаш велела дека мајка ѝ била нејзина најголема поддршка во сите времиња и дека тие две се исклучително блиски.
Иако Драгана не сака да се експонира, често можеме да ја видиме на профилот на ќерка си кога тенисерката пишува пофалби за неа и покажува колку многу ѝ значи таа врска.
Uncategorized
Во обилните дождови во Пакистан загинаа над 300 луѓе

Пакистански спасувачи на северот од земјата денеска вадат затрупани тела од урнатини, кал и буици, каде што невообичаено интензивен монсунски дожд за само 48 часа предизвика смрт на над 320 лица.
Во текот на изминатите два дена, смртоносни поројни дождови погодија неколку области на планинската северна покраина Хајбер-Пахтунхва, каде што се регистрирани 307 смртни случаи, половина од сите смртни случаи оваа сезона на монсуни, покажуваат податоците на Управата за управување со катастрофи.
Повеќето од жртвите беа однесени од поројните поплави и починаа кога нивните куќи се урнаа, од електричен удар или удари од гром.
Во оваа покраина што граничи со Авганистан и каде што сè уште има обилен дожд, повеќе од 2.000 спасувачи работат на пронаоѓање преживеани или извлекување на тела закопани под урнатините, изјави денеска Билал Ахмад Фаизи, портпарол на службата за спасување на покраината, пренесен од француските медиуми.
-Обилните дождови, лизгањето на земјиштето и блокираните патишта го отежнуваат пристапот на амбулантните возила, а спасувачите се движат пешки, додаде тој.
Uncategorized
(Фото) По разводот, Ана Ивановиќ не може да ја симне насмевката од лицето, се јави од Мајорка

Српската тенисерка Ана Ивановиќ овие денови максимално го ужива летото судејќи според нејзините објави на „Инстаграм“.
Таа објави неколку фотографии на социјалните мрежи. Позира на плажа и во еден бар, облечена во кафеав фустан од Poupette St Barth со шапка од Hermès и очила за сонце Celine.
Пред тоа таа се пофали и со фотографии од плажа покажувајќи како се сонча и излегува со пријателите, но и дека не ја заборавила својата најголема љубов – тенисот. На сите фотографии во последно време Ивановиќ не симнува насмевка од лицето.
View this post on Instagram
Адвокатот на Ана Ивановиќ, Кристијан Шерц, потврди во изјава за германскиот весник „Билд“ кон крајот на минатиот месец дека поранешната српска тенисерка и светскиот шампион во фудбал, Бастијан Швајнштајгер, се разделиле. Во писмото, кое го доби и германската новинска агенција ДПА, се наведува дека раскинувањето се должи на непомирливи разлики“.
фото: принтскрин