Uncategorized
Тибет – стратешко подрачје за контрола на водите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/35adc5b8-1c23-4b6c-ad8c-e179a31804a9.jpeg)
Големите залихи на вода на Тибет се една од главните интереси на кинеските власти за таа висорамнина, на која што се наоѓаат изворите на најголемите азиски реки, оценуваат експертите.
Големите залихи на вода на Тибет се една од главните интереси на кинеските власти за таа висорамнина, на која што се наоѓаат изворите на најголемите азиски реки, оценуваат експертите.
„Тибет е стратешко подрачје. Контролата над Тибет и овозможува на Кина пристап до големите резерви на минерали и води“, објаснува Брахма Чаланеј од Центарот за политички истражувања во Њу Делхи, Индија.
„Поради климатското загревање, кое што ги зголемува проблемите со водата во Азија, контролата над Тибет и овозможува на Кина, од прашањето на водата да направи моќно политичко оружје“, посочува експертот.
Од тибетското плато извираат реките Инд, Меконг, Јангце, Брахмапутра, Сутлеј и многу други, а од поголемите регионални реки, единствено Ганг извира од индиската страна на Хималаите.
Кина со Тибет, според Чаланеј, може да се впушти во изградба на големи хидро проекти, неопходни за стопанскиот развој на државата.
Оптоварена со проблемот на загадување поради двете децении ултра брз економски раст, Кина си има поставено за цел, до 2020 година, 15 отсто од потрошувачката на енергијата во државата да доаѓа од изворите на Тибет.
Според експертот, Кина планира и пренасочување на течението на реките поради наводнување, што предизвикува голема загриженост кај Тибетанците и Индијците.
Чаланеј потсетува дека Кина, во март 2007 година најави програма за Тибет вредна 10 милијарди евра. Според експертот, можно е тие пари да бидат искористени за водите кои што доаѓаат од тој дел на државата.
/крај/хи/ам
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
Сузбиен меѓународен канал за шверц на дрога во вредност од 707 илјади евра, требало да заврши во Турција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/1-10.jpg)
Запленети 188 килограми и 636 грама наркотична дрога марихуана во заедничка акција на Царинската управа и Бирото за јавна безбедност. Со акцијата е спречен меѓународен канал за шверц на дрога. Две лица се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Ова го истакнаа директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, во изјава за медиумите на граничниот премин Богородица.
„Царинската управа влезе во трага и спречи меѓународен канал за шверц на дрога. Во заедничка акција со Бирото за јавна безбедност на граничниот премин Богородица запленети се 188 килограми и 636 грама наркотична дрога марихуана, која требало да заврши во Турција.
Случајот го следиме подолго време, што на крајот успешно резултира со откривање на криминалната мрежа, која требало да оперира во неколку држави“, истакна Николовски.
Сторителите на кривичното дело, двајца возачи, едниот од Тетово, а другиот од Кумановско, на 8 февруари влегуваат на Блаце со камион и на 9 февруари едниот од нив го презема камионот и од место меѓу Куманово и Паланка оди кон Богородица. На Богородица е извршена детаљна контрола на камионот, при што помеѓу компресирана рециклирана хартија во четири бали е пронајдена дрогата. Проценетата вредност на дрогата, информира Николовски, на црниот пазар изнесува 707 илјади евра.
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, порача дека криминалното мочуриште во државата повеќе нема да го има.
„Заедничката акција, која траеше неколку дена, покажува дека заеднички можеме во интерес на граѓаните. Криминалното мочуриште што го имаме во државата повеќе нема да го има. Ова не е место за нив. Заеднички координирано со Царинската управа координирано работиме во неколку области. Мора да бидеме координирани. Заедно покажуваме дека можеме да работиме силно и успешно за заеднички успеси и превенција на криминалот. Нема место за криминал. Македонија мора да биде на ниво на напредните држави. Системот и законите мора да владеат. Ги сузбиваме криминалот и корупцијата на сите нивоа“, истакна директорот Јанев.
Случајот, како што беше истакнато од страна на директорите, е резултат на зајакнатата соработка и добро координирани акции на царинските и полициските службеници.
Uncategorized
Опљачкана аптека на Бит-пазар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Bit-pazar.jpg)
Утрово во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта била опљачкана аптека на Бит-пазар. Полицијата направи увид.
„Денеска во 08.15 било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести полицијата.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/DSC_7280_1.jpg)
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.