Uncategorized
Стотици илјади жаби побегнале пред земјотресот
Стотици илјади жаби побегнале, неколку дена порано, од градот во близина на епицентарот на разорниот земјотрес што во понеделникот ја погоди југозападна Кина.
Стотици илјади жаби побегнале, неколку дена порано, од градот во близина на епицентарот на разорниот земјотрес што во понеделникот ја погоди југозападна Кина.
Властите денеска соопштија дека бројката на загинати може да достигне до 50,000.
Невообичаената миграција на жабите, кои кон крајот од минатата недела ги преплавиле улиците во градот Мијангјанг, предизвикала коментари на блогерите, кои во тоа препознале знак за најава на земјотресот.
Меѓутоа, експерт, цитиран од новинската агенција Нова Кина, ги отфрли таквите претпоставки.
„Постојат бројни причини за аномалии кај животните. Земјотресот е само една можност, како и климатските промени и атмосферските услови“, изјави Занг Гуомин, научник од Институтот за сеизмолошки истражувања.
Повозрасните луѓе, кои ден пред земјотресот биле интервјуирани од локалниот весник, тврделе дека миграцијата на жабите наговестува катастрофа.
Појавата кај помладата популација предизвикала смеа, е некои подуховити коментирале дека жабите излегле на улиците за да го пречекаат олимпискиот факел
(поопширно во рубриката тема)
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дејвид и Викторија Бекам уживаа на луксузна јахта во Мајами
Дејвид и Викторија Бекам уживаа заедно на луксузна јахта за време на нивниот одмор во Мајами. Фотографите ја фатија славната двојка додека се сонча, разговара и чита.
Дејвид беше без кошула и носеше црни шорцеви за капење, а Викторија носеше тексас шорц во комбинација со класична црна маица и капа.
Двојката изгледаше целосно опуштено, уживајќи на јахтата во присуство на екипажот.
Претходно овој месец, The Sun објави дека Дејвид и Викторија платиле готовина за нова вила во Мајами. За тој имот со поглед на лагуната Бискејн Беј, со базен долг 38 метри, кујна за професионални готвачи, кино и девет спални соби издвоиле 55,6 милиони фунти, што е нешто повеќе од 66 милиони евра.
Uncategorized
Земјотрес на првиот крак на Халкидики
Попладнево во близина на Неа Мудања на првиот крак на Халкидики регистриран е земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер.
Епицентарот бил во морскиот дел на 12 километри југозападно од Неа Мудања, а земјотресот бил почувствуван се до Солун, па и Бугарија. Нема информации за материјална штета или повредени лица.
По првиот, регистриран е уште еден потрес со помала јачина, односно 3,8 степени.
Uncategorized
(Видео) Објавена нова снимка на која се гледа како се поплавува Валенсија
На социјалните мрежи е објавено уште едно видео, кое го прикажува доаѓањето на поплавниот бран во Пајпорта, Валенсија.
Бројот на загинати во поплавите во Шпанија денес се искачи на 158 лица.
Огромното мнозинство од овие смртни случаи – 155 луѓе – се регистрирани во Валенсија, соопшти регионалниот координативен центар за итни случаи на Платформата „Икс“.
„Процесот на собирање и идентификација на жртвите продолжува“, велат од центарот.
Премиерот Педро Санчез го посети центарот рано утринава.
Spain floods.
Paiporta. Valencia.
Terrific images… 😰 pic.twitter.com/Skj3V2Z3xs
— Tandros (@Tandros_MS) October 30, 2024