Uncategorized
Баросо: ЕК не планира да го успори процесот на проширување
Европската комисија (ЕК) не планира да го забави процесот на проширување откако француските и холандските граѓани на референдум, го одбија евроуставот, изјави денеска во Брисел, претседателот на Комисијата Жозе Мануел Баросо.
Европската комисија (ЕК) не планира да го забави процесот на проширување откако француските и холандските граѓани на референдум, го одбија евроуставот, изјави денеска во Брисел, претседателот на Комисијата Жозе Мануел Баросо.
Стравот дека натамошното проширување на Унијата би водело кон поголем прилив на евтина работна сила во западните членки на ЕУ, честопати се наведува како една од причините за француското и холандско “не“ на референдумите.
Според Баросо, ниту една земја-членка, досега, не побарала од Комисијата да го забави проширувањето.
Романија и Бугарија треба да влезат во ЕУ на 1 јануари 2007 година, а Хрватска и Турција, наскоро, треба да ги започнат пристапните преговори.
“Сите 25 членки, неодамна, го потпишаа пристапниот договор за Романија и Бугарија. Ниту една членка, досега, не и соопштила на Комисијата дека ја променила својата одлука, и оттаму не предвидувам никаква негативна одлука“, рече Баросо./Крај/хи/ис/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.