Uncategorized
Протести по повод отворање на Игрите
Неколку организации за заштита на човековите права повикаа на демонстрации во Берлин по повод почетокот на Олимписките игри во Пекинг, најавено за в петок.
Неколку организации за заштита на човековите права повикаа на демонстрации во Берлин по повод почетокот на Олимписките игри во Пекинг, најавено за в петок.
Организацијата “Репортери без граници“ во Германија, како и ширум светот, повика на протести што ќе се одржат истовремено со церемонијата на отворање на Игрите.
Протестот во Берлин пред кинеската Амбасада ќе биде “против неисполнетото ветување на Пекинг дека ќе дозволи поголема слобода на печатот и слобода на мислење“.
Здружението на загрозени народи најави дека еден ден спроти почетокот на Игрите, заедно со претставници на националните малцинства од Кина, ќе демонстрираат пред кинеската Амбасада во Берлин и ќе предадат петиција со над 10 илјади потписи.
Оваа организација образложи дека нејзиниот протест е насочен кон се поголемиот прогон на националните групи, како што се Тибетанци, Ујугри или Монголци, како и припадниците на верските заедници, каква што е Фалунг Гонг.
Повеќе германски врвни спортисти, меѓу кои и учесници на овогодинешната Олимпијада, им се приклучија на апелот на колеги од целиот свет упатен кон кинескиот претседател Хjу Џинтаo.
/крај/бе/ис
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.