Uncategorized
Над илјада убиени во Јужна Осетија
Над илјада жители на грузиската сепаратистичка област Јужна Осетија, Чинвали, се убиени во денешните судири, соопшти попладнево министерот за национални прашања на Јужна Осетија Тејмураз Касаев.
Над илјада жители на грузиската сепаратистичка област Јужна Осетија, Чинвали, се убиени во денешните судири, соопшти попладнево министерот за национални прашања на Јужна Осетија Тејмураз Касаев.
Пред тоа руското министерство за одбраната соопшти дека повеќе од десет руски војници од силите за поддршка на мирот се убиени во грузиската офанзива во главниот град на Јужна Осетија, Цхинвали.
Сили од 58-та руска армија се приближиле до Цхинвали „за да им помогнат на руските војници за поддршка на мирот“, рече полковник Игор Коначенков.
Грузискиот министер за внатрешни работи Шота Утиашвили изјави дека престолнината на грузиската сепаратистичка област е „во целост под грузиска контрола“, но подоцна потврди дека Грузијците загубиле дел од градот.
Според последните информации руски оклопни возила навлегле во северниот дел на Цхинвали.
Грузискиот претседател Михаил Саакашвили ја обвини Русија дека извршила инвазија на грузиска територија.
„150 руски тенкови, камиони со воена техника и други возила навлегоа во Јужна Осетија“, изјави тој на пресконференција и соопшти дека се соборени два руски авиони.
Руските авиони, според Ројтерс ја бомбардирале грузиската воздушна база „Вазиани" крај. Во нападот немало жртви.
Командантот на руските мировни сили во грузиската сепаратистичка област изјави дека главниот град на Јужна Осетија сериозно настрадал во грузиските напади.
„Градот практично е уништен“, изјави Марат Кулакметов./крај/бгнес/ил
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.