Контакт

Uncategorized

Грузија го блокираше пристапот до руските гласила

Објавено пред

Грузиските власти го блокираа пристапот до повеќето руските гласила и Интернет сајтови по избивањето на конфликтот во Грузија.

dobivaj vesti na viber

Грузиските власти го блокираа пристапот до повеќето руските гласила и Интернет сајтови по избивањето на конфликтот во Грузија.

Грузиското Министерство за внатрешни работи соопшти дека не смее да им се дозволи на руските медиуми да го “плашат народот“ на Грузија.

 

Според извршниот директор на најголемиот грузиски интернет провајдер Кавказ онлајн Мамије Санадирадзе “луѓето од безбедносните агенции барале блокирање на руските сајтови“.

 

Пристапот и натаму е можен до сајтовите на помалите провајдери на руски јазик.

 

Претставник на Министерството за внатрешни работи на Грузија изјави дека не гледа ништо “недемократско“ во оваа одлука.

 

“Русија воопшто нема медиуми. Јас тоа не би го нарекол медиуми. Она што тие го емитуваат и печатат е пропаганда и не сакаме да го плашиме нашиот народ со овие дезинформации“, вели Шота Утиашвили.

 

Организациите за заштита на човековите права, досега, на неколку наврати го критикуваа грузискиот претседател Михаил Сакашвили поради односот кон медиумите.

/крај/бе/ис

 

Copyright 2008

makfax

. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Во обилните дождови во Пакистан загинаа над 300 луѓе

Објавено пред

Пакистански спасувачи на северот од земјата денеска вадат затрупани тела од урнатини, кал и буици, каде што невообичаено интензивен монсунски дожд за само 48 часа предизвика смрт на над 320 лица.

dobivaj vesti na viber

Во текот на изминатите два дена, смртоносни поројни дождови погодија неколку области на планинската северна покраина Хајбер-Пахтунхва, каде што се регистрирани 307 смртни случаи, половина од сите смртни случаи оваа сезона на монсуни, покажуваат податоците на Управата за управување со катастрофи.

Повеќето од жртвите беа однесени од поројните поплави и починаа кога нивните куќи се урнаа, од електричен удар или удари од гром.

Во оваа покраина што граничи со Авганистан и каде што сè уште има обилен дожд, повеќе од 2.000 спасувачи работат на пронаоѓање преживеани или извлекување на тела закопани под урнатините, изјави денеска Билал Ахмад Фаизи, портпарол на службата за спасување на покраината, пренесен од француските медиуми.

-Обилните дождови, лизгањето на земјиштето и блокираните патишта го отежнуваат пристапот на амбулантните возила, а спасувачите се движат пешки, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

(Фото) По разводот, Ана Ивановиќ не може да ја симне насмевката од лицето, се јави од Мајорка

Објавено пред

Српската тенисерка Ана Ивановиќ овие денови максимално го ужива летото судејќи според нејзините објави на „Инстаграм“.

dobivaj vesti na viber

Таа објави неколку фотографии на социјалните мрежи. Позира на плажа и во еден бар, облечена во кафеав фустан од Poupette St Barth со шапка од Hermès и очила за сонце Celine.

Пред тоа таа се пофали и со фотографии од плажа покажувајќи како се сонча и излегува со пријателите, но и дека не ја заборавила својата најголема љубов – тенисот. На сите фотографии во последно време Ивановиќ не симнува насмевка од лицето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)

Адвокатот на Ана Ивановиќ, Кристијан Шерц, потврди во изјава за германскиот весник „Билд“ кон крајот на минатиот месец дека поранешната српска тенисерка и светскиот шампион во фудбал, Бастијан Швајнштајгер, се разделиле. Во писмото, кое го доби и германската новинска агенција ДПА, се наведува дека раскинувањето се должи на непомирливи разлики“.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Голем број битолчани го искористија бесплатниот скрининг за Хепатитис и болести на црниот дроб

Објавено пред

По повод Светскиот ден за борба против хепатитис, во Битола се реализираше бесплатен скрининг за хепатитис Б, Ц и ХИВ, како и еластографија, спроведени со мобилната медицинска единица од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Настанот беше дел од националната кампања, организиран во партнерство со: Хепар Центар Битола, Министерството за здравство, Клиниката за гастроентерохепатологија, Клиниката за инфективни болести – Скопје, Официјалната комисија за хепатоцелуларен карцином, Општина Битола, Центарот за јавно здравје – Битола и Клиничката болница Битола.

Граѓаните покажаа исклучителен интерес за скринингот, кој поради зголемената посетеност продолжи еден час подолго од планираното – сè до 13:15 часот – со цел да им се овозможи на сите заинтересирани да се тестираат.

Особено значајна беше поддршката од страна на градоначалникот Тони Коњановски, кој лично ја посети мобилната единица и ја поздрави оваа важна здравствена иницијатива.

Националната кампања за бесплатен и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб се реализира во 10 градови во државата. Целта е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ6 минути

Во возило откриени 15 мигранти од Египет и Сирија

Вкупно 15 мигранти од Египет и Сирија се пронајдени синоќа во возило на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Македонија...

Регион3 часа

Вучиќ најави намалување на цените на јајцата, зеленчукот, овошјето, млечните производи…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави денеска дека од идната недела ќе се ограничат маржите во трговските синџири, што ќе...

Свет4 часа

Палестински камерман убиен во појасот Газа

Палестинската новинска агенција (ВАФА) објави дека израелските војници убиле палестински камерман во северниот дел на Појасот Газа. Камерманот Калед ал...

Македонија5 часа

Пратениците се одморија, од утре почнуваат со редовни активности во Собранието

Пратениците од утре официјално почнуваат со работа по годишниот одмор. Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре закажа неформална средба...

Свет8 часа

Зеленски вели дека постои вистинска можност да заврши војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја. Тој, по...

Македонија22 часа

Тврдењата на д-р Кедев за операциите во приватните болници ќе ги „чешлаат“ експерти од Словенија, Италија и од Германија

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека до понеделник ќе биде комплетирана листата со странски експерти кои ќе ја анализираат...

Економија22 часа

Македонија е големо градилиште, над 1.200 проекти во општините, велат Перински и Николоски

Во моментов целата Македонија е едно големо градилиште, а само во општините се реализираат повеќе од 1.200 активни проекти поддржани...

Свет23 часа

(Видео) Украинците тешко ранија руски генерал, Абачев изгуби рака и нога по нападот

Украинските специјални сили објавија видео и детали од операцијата во која рускиот генерал-полковник Еседула Абачев беше тешко ранет, јавува „Украинска...

Скопје1 ден

„4 години работа за тебе“: Скопските градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ја заокружија четиригодишната мисија

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе” свое обраќање на панел дискусијата имаа скопските градоначалници. Градоначалникот...

Македонија1 ден

Мицкоски најави промени: По изборите ќе има нови луѓе во партијата и реконструкција на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот отчет по повод четиригодишната работа на градоначалниците, порача дека веднаш по локалните избори...

Македонија1 ден

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 4 години локална власт ги разочара граѓаните со хаосот и корупцијата во општините

Почетокот на четиригодишниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво се оцени како период на разочарувања, нечисти општини, урбанистички хаос и...

Македонија1 ден

Мицкоски на саемот „Четири години работа за тебе“: Делата, а не зборовите ја покажуваат вредноста

На денешниот настан „Саем-Отчет“ под мотото „4 години работа за тебе“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше свое обраќање пред...

Топ1 ден

Крвава драма во Битола: Со нож го повредил братот на поранешната сопруга, па ја нападна и неа

30-годишен маж од битолското село Лера е уапсен откако со остар предмет нападнал млад битолчанец и ја претепал својата поранешна...

Македонија1 ден

Алиу вети транспарентност, граѓаните ќе знаат кој го помага македонското здравство

Министерството за здравство воведе нов електронски модул за транспарентен преглед на донациите во здравството, со кој јавноста ќе може во...

Свет1 ден

(Видео) Телохранителите на Путин земаат сѐ, дури и урината и изметот на претседателот и го носат во Русија

Обезбедувањето на рускиот претседател Владимир Путин секогаш е предмет на големо внимание на социјалните медиуми од различни причини. Сега, тие...

Македонија1 ден

Попладне дожд и грмежи во западните делови

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладневните часови носат локален пороен дожд и ретки...

Свет2 дена

(Видео) Автобус со повеќе од 50 туристи излета од пат во САД, има загинати и повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи во американската држава Њујорк. Туристички автобус кој се враќал од Нијагарините водопади кон Њујорк излетал...

Свет2 дена

(Фото) Трамп: Путин сака да дојде на Светското првенство во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да присуствува на Светското првенство во фудбал...

Топ2 дена

Пронајден возачот кој со автомобил удри во девојчиња на тротинет и побегна од местото на несреќата

Денеска во СВР Скопје бил извршен службен разговор со Ф.Б. од село Света Петка, скопско. На 21.08.2025 во 14:30 часот...

Европа2 дена

Лавров за средбата Зеленски-Путин: Зеленски рече „не“ на сè

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија прави сè што може за да спречи средба меѓу него и рускиот...