Uncategorized
Американски и руски реакции по средбата на НАТО
САД и Русија излегоа со спротивставени ставови по вонредната седница на НАТО посветена на кризата во Грузија.
САД и Русија излегоа со спротивставени ставови по вонредната седница на НАТО посветена на кризата во Грузија.
Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека е задоволна од средбата и покрај тоа што не се преземени поостри мерки со кои Русија би се натерала на повлекување од Грузија.
Рајс во заедничката изјава која ја прифатија министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, истакна три причини за задоволство: поддршка на демократијата во Грузија, силна порака до Русија да ги почитува преземените обврски, како и ставот на Алијансата дека е недопустливо Русија да повлекува нови линии во Европа, зад кои би останале држави кои не можат да се надеваат на трансатлантска иднина.
Русија објави дека изјавата на НАТО е пристрасна и ја обвини Алијансата дека се обидува да го одржи криминалниот режим во Тбилиси.
Министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров повтори дека Русија немала намера да ја заземе Грузија и додаде дека војската ќе се повлече во рок од четири дена, но и оти тоа ќе зависи од брзината со која грузиската војска се повлекува во своите бази.
НАТО на седницата одлучи да формира заедничка комисија со Грузија која би требало да ги разгледува клучните прашања од заеднички интерес.
/крај/хи/ил
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.