Uncategorized
Над 200 млд. фунти во банкарскиот систем на Британија
Британија денеска објави планови за внесување 50 милијарди фунти во своите најголеми банки во соочување со светската финансиска криза.
Британија денеска објави планови за внесување 50 милијарди фунти во своите најголеми банки во соочување со светската финансиска криза.
Министерот за финансии Алистер Дарлинг вели дека сака да го намали “факторот на страв“ во банкарскиот систем.
Англиската банка, во обид да го придвижи пазарот на пари, ќе понуди уште најмалку 200 милијарди фунти краткорочни заеми.
Според планот, Британија ќе внесе нов капитал во банките во облик на приоритетни акции или слични инструменти и ќе стави на располагање најмалку 200 милијарди фунти во готово за да ги “оживее“ меѓубанкарските позајмици.
Одлуката е донесена по неколкудневниот, разорен притисок на британските банки од кои некои изгубија речиси половина од својата вредност на берза поради стравот на вложувачите дека ќе пропаднат ако не добијат обемна инфузија на готовина.
“Тоа ќе биде заем за банкарскиот систем“, вели Дарлинг. “Парите ќе бидат вратени, со наплата, во рок од три години“, додаде министерот за финансии.
/крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Лашкоска: Мерките за намалување на ризикот од катастрофи на локално ниво се од суштинско значење за заштита на заедниците и зајакнување на отпорноста од идни катастрофи
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска учествуваше на сесијата наречена „Лабораторија за учење за да ги направиме градовите отпорни 2030: Акции за намалување на ризици од катастрофи на локално ниво“ што денес се одржа во рамки на Европската платформа за намалување на ризици од катастрофи, во Будва, Црна Гора.
Сесијата модерирана од Армен Григоријан постојан претставник на УНДП во нашата држава, на која покрај Лашкоска учестуваа и Жоао Динис, координатор на Канцеларијата на Каскаис Амбиенте – EMAC, Каскаис, Португалија и Бахтијар Оспанов, виш експерт од Центар за вонредни ситуации и намалување на ризикот од катастрофи (CESDRR), беше одлична можност за размена на искуства и предизвици за операционализацијата на локално ниво на намалувањето на ризикот од катастрофи и адресирање на финансиските и институционалните бариери низ регионите.
Во своето излагање, заменик министерката Лашкоска ги претстави напорите на локални заедници во Македонија кои во изминатиот период беа најизложени на ризици од катастрофи и начините на справување со нив и истакна дека заложбите на општините за зајакнување на отпорноста кон климатските промени напредуваат.
„Мерките за намалување на ризикот од катастрофи (DRR) на локално ниво се од суштинско значење и тие ќе станат само покритични бидејќи климатските промени продолжуваат да се интензивираат. Со ставање приоритет на DRR, можеме да ги заштитиме заедниците и да ја зајакнеме отпорноста против идни катастрофи“ истакна Лашкоска.
Иницијативата „Да ги направиме градовите отпорни 2030“ (MCR2030), вклучува над 1.700 градови, ги поддржува локалните власти во зајакнувањето на напорите за намалување на ризикот од катастрофи (DRR) и отпорност на климата, придонесувајќи директно за постигнување на Целта 11 за одржлив развој, како и други глобални рамки вклучувајќи ја Рамката Сендаи за намалување на ризикот од катастрофи, Парискиот договор и Новата урбана агенда.
MCR2030 служи како платформа за споделување искуства, градење капацитети и поттикнување иновативни решенија во градовите и урбаните средини. Иницијативата, исто така, се усогласува со Европското партнерство за отпорност, кое има за цел да ја подобри соработката меѓу градовите во Европа за да ги интегрира стратегиите за отпорност во плановите за урбан развој и да ги сподели најдобрите практики.
Uncategorized
Дејвид и Викторија Бекам уживаа на луксузна јахта во Мајами
Дејвид и Викторија Бекам уживаа заедно на луксузна јахта за време на нивниот одмор во Мајами. Фотографите ја фатија славната двојка додека се сонча, разговара и чита.
Дејвид беше без кошула и носеше црни шорцеви за капење, а Викторија носеше тексас шорц во комбинација со класична црна маица и капа.
Двојката изгледаше целосно опуштено, уживајќи на јахтата во присуство на екипажот.
Претходно овој месец, The Sun објави дека Дејвид и Викторија платиле готовина за нова вила во Мајами. За тој имот со поглед на лагуната Бискејн Беј, со базен долг 38 метри, кујна за професионални готвачи, кино и девет спални соби издвоиле 55,6 милиони фунти, што е нешто повеќе од 66 милиони евра.
Uncategorized
Земјотрес на првиот крак на Халкидики
Попладнево во близина на Неа Мудања на првиот крак на Халкидики регистриран е земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер.
Епицентарот бил во морскиот дел на 12 километри југозападно од Неа Мудања, а земјотресот бил почувствуван се до Солун, па и Бугарија. Нема информации за материјална штета или повредени лица.
По првиот, регистриран е уште еден потрес со помала јачина, односно 3,8 степени.