Uncategorized
Свазиленд – мека за марихуаната
Марихуаната што се одгледува во Свазиленд, поради тлото на кое се одгледува и поволните климатски услови, важи за најсилна во светот.
Марихуаната што се одгледува во Свазиленд, поради тлото на кое се одгледува и поволните климатски услови, важи за најсилна во светот.
Марихуаната, позната под името “Свази голд“, успева во оддалечените планински предели на северот на минијатурното африканско кралство, од каде што се шверцува во Јужноафриканската Република, па потоа во Европа и Северна Америка.
Полицијата во кралството тврди дека е немоќна да се справи со селаните што ги заштитуваат своите “плодоносни посеви на канабис“, и покрај тоа што плантажите ги полива со смртоносни хемикалии.
“Ние таа битка не можеме да ја добиеме“, вели шефот на криминалистичката служба во областа Хохо, Нгаве Дламини.
Според него, сиромаштијата во земјата ги принудува луѓето да одгледуваат марихуана, за која добиваат многу повеќе пари отколку за одгледувањето на пченица или овошје.
Податоците на Советот за сузбивање на дрогата и алкохолот во Свазиленд говорат дека околу 70 отсто од малите фармери во областа Хохо, каде што климатските услови се непогодни за одгледување на пченица, започнуваат да одгледуваат “дага“, локално име за канабисот.
Според податоците на Интерпол, југот на Африка има потенцијал да ја преземе водечката улога во производството на марихуана и веќе се испраќаат големи пратки од дрогата на Запад. /крај/бета/ст/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.