Uncategorized
Блер – ЕУ ќе продолжи да се шири
Британскиот премиер Тони Блер изјави денеска дека проширувањето на Европската унија (ЕУ) не е закана, туку “историска шанса за уште поголема и помоќна Унија“.
Британскиот премиер Тони Блер изјави денеска дека проширувањето на Европската унија (ЕУ) не е закана, туку “историска шанса за уште поголема и помоќна Унија“.
Проширувањето нуди извонредна и историска шанса да изградиме уште поголема и помоќна Унија – рече Блер во обраќањето пред Европскиот парламент, во кое ги образложи приоритетите на британското претседавање со Унијата, што започнува од 1 јули.
“За време на нашето претседавање ќе настојуваме да ги исполниме обврските на Унијата кон земјите, како Турција и Хрватска, кои очекуваат дека нивната иднина ќе биде во Европа“, порача британскиот премиер.
Неговата изјава следи по се поголемото стравување во Унијата во поглед на идното проширување и барањата вратите за влез на нови земји привремено да бидат затворени.
Блер, како што пренесува Макфакс, во денешното обраќање пред европарламентарците во Брисел повика на “искрена и отворена“ дебата за иднината на Унијата, без “размена на навреди“./крај/бг/х/ег
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.