Uncategorized
Светски ден на слободата на медиумите – 3.мај
Светскиот ден на слободата на медиуми, 3.мај, денеска се одбележува ширум светот, а посветен е на намалување на сиромаштијата согласно Милениумските цели на меѓународната заедница.
Светскиот ден на слободата на медиуми, 3.мај, денеска се одбележува ширум светот, а посветен е на намалување на сиромаштијата согласно Милениумските цели на меѓународната заедница.
“На Светскиот ден на слободата на печат го потсетуваме светот за важноста од заштитување на основните човекови права – слобода на изразување и слобода на печатот, гарантирани со членот 19 од Универзалната декларација за човекови права“, наведува македонското Здружение на новинарите.
Здружението, по тој повод, упати повик на “Петминутен молк за новинарскиот глас!“ до електронските и печатени медиуми, што денеска ќе се одржи од 11.55 до 12.00 часот.
“Демократијата не може да функционира без медиуми ослободени од влијанието на власта и каква било контрола“, изјави синоќа во Брисел, генералниот секретар на Советот на Европа (СЕ) Тери Дејвис.
“Ограничување на слободата на изразување е распространета, често насилна, и понекогаш смртоносна“, порача Дејвис, додавајќи дека во 2005 година повеќе од 150 новинари во светот настрадале на должност, од кои половина се убиени.
Генералниот секретар на СЕ посебно го истакна “перфидниот вид на застрашување преку страв од гонење поради клевета“ и ги повика сите држави на СЕ да ги спречат “несразмерните отштети“ во споровите против новинарит.
Традиционална порака по повод Денот на слободата на медиуми прочита и генералниот секретар на УНЕСКО Коичиро Мацура, кој наведе дека “независните и слободни медиуми треба да бидат клучен елемент во напорите за искоренување на сиромаштијата“.
Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ), денеска во Европскиот парламент (ЕП) во Брисел, треба да одржи Конференција посветена на тешката медиумска ситуација во Алжир.
Повеќе од 20 новинари се осудени изминатата и оваа година во Алжир, на затворска казна од два месеца до една година, па и повеќе.
Светската асоцијација на печат (WAN), годинава, подготви серија прилози по повод 3.мај, повикувајќи ги новинарите да ги употребат како “потсетник“ за колегите кои се во затвор ширум светот и да се вклучат во кампањата за нивно ослободување.
Овогодишното мото на кампањата на WAN по повод 3.мај е “Не ги заклучувајте информациите, престанете да ги затворате новинарите“.
Во светот, лани загинале 239 новинари и членови на разни медиумски тимови, 89 од нив се убиени со предумисла и за тие злосторства никој не одговарал, предупреди Европската новинарска федерација (ЕФЈ).
Членот на Извршниот комитет на ЕФЈ Волфганг Меиер напомена дека особено загрижува фактот оти дури 89 новинари се ликвидирани со предумисла и оти ниту еден сторител на злосторствата не доспеал пред суд.
/Крај/ме/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

