Uncategorized
Путин го смени главниот обвинител Владимир Устинов
Советот на федерацијата, горниот дом на рускиот парламент, го разреши од должноста главниот обвинител на државата Владимир Устинов, на барање на рускиот претседател Владимир Путин.
Советот на федерацијата, горниот дом на рускиот парламент, го разреши од должноста главниот обвинител на државата Владимир Устинов, на барање на рускиот претседател Владимир Путин.
“За” гласаа 140 пратеници, двајца се воздржаа, немаше ниту един глас “против”. На заседанието на горниот дом на парламентот претставникот на претседателот Путин во Советот на федерацијата Александар Котенков изјави дека шефот на државата го упатил барањето на лична молба на Владимир Устинов.
"Советот на федерацијата доби директива од претседателот, по силата на која треба да се прекратат функциите на главниот обвинител Владимир Устинов", изјави од своја страна претседателот на Советот Сергеј Миронов.
Оставката на Устинов доаѓа три седмици, откако Путин ги критикуваше големите размери на корупцијата во државата, која според него е една од главните пречки за економскиот развој на државата. Нешто подоцна и Устинов исто така ја осуди корупцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Русија изврши напад врз Украина со крстосувачки ракети и беспилотни летала напаѓајќи го Киев
Во текот на ноќта и утринава Русија ја нападна Украина со стратешки бомбардери, крстосувачки ракети од различен тип и наведувани воздушни бомби, а нешто подоцна следуваше и самоубиствен напад со беспилотно летало, соопштија украинските власти.
Според податоците на украинските воздухопловни сили, шест авиони „ту-95 мс“ полетале за Украина, пренесува „Укринформ“.
Одбранбените сили на Украина на „Телеграм“ објавија дека до 10 часот денеска собориле два крстосувачки ракети „Х-101“, кои биле лансирани од областа на Каспиското Море, како и две балистички ракети „Искандер-М/КН-23“ лансирани од Воронежскиот регион во Русија.
Uncategorized
(Видео) Марија Шерифовиќ го прекина концертот во Ниш и ѝ се обрати на жена во публиката
Марија Шерифовиќ во рамките на турнејата „Доаѓа љубов“ на 8 ноември одржа концерт во Ниш.
Додека Марија пееше на сцената, во еден момент виде повозрасна жена како енергично танцува и пее заедно со неа поради што морала да го прекине концертот, известија српските медиуми.
Пејачката се обратила кон жената сакајќи да го дознае нејзиното име, а таа одговорила дека се вика Даворка.
@danojlovicn 😂😂😂😂 #pesma #koncert #niš #nis #dolaziljubav #serifovic #marijaserifovic #tiktok #viral #go #like #viral_video #viralvideos #tik_tok ♬ original sound – Nađa Danojlović
„Госпоѓо, посакувам да сте живи и здрави“, ѝ рече Марија, а публиката ја поддржа со овации.
Жената продолжи да скока од среќа покажувајќи ѝ срце на пејачката со рацете и признавајќи дека сама дошла на концертот, но дека многу се забавува.
Марија синоќа одржа концерт и во Скопје.
Uncategorized
Лашкоска: Мерките за намалување на ризикот од катастрофи на локално ниво се од суштинско значење за заштита на заедниците и зајакнување на отпорноста од идни катастрофи
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска учествуваше на сесијата наречена „Лабораторија за учење за да ги направиме градовите отпорни 2030: Акции за намалување на ризици од катастрофи на локално ниво“ што денес се одржа во рамки на Европската платформа за намалување на ризици од катастрофи, во Будва, Црна Гора.
Сесијата модерирана од Армен Григоријан постојан претставник на УНДП во нашата држава, на која покрај Лашкоска учестуваа и Жоао Динис, координатор на Канцеларијата на Каскаис Амбиенте – EMAC, Каскаис, Португалија и Бахтијар Оспанов, виш експерт од Центар за вонредни ситуации и намалување на ризикот од катастрофи (CESDRR), беше одлична можност за размена на искуства и предизвици за операционализацијата на локално ниво на намалувањето на ризикот од катастрофи и адресирање на финансиските и институционалните бариери низ регионите.
Во своето излагање, заменик министерката Лашкоска ги претстави напорите на локални заедници во Македонија кои во изминатиот период беа најизложени на ризици од катастрофи и начините на справување со нив и истакна дека заложбите на општините за зајакнување на отпорноста кон климатските промени напредуваат.
„Мерките за намалување на ризикот од катастрофи (DRR) на локално ниво се од суштинско значење и тие ќе станат само покритични бидејќи климатските промени продолжуваат да се интензивираат. Со ставање приоритет на DRR, можеме да ги заштитиме заедниците и да ја зајакнеме отпорноста против идни катастрофи“ истакна Лашкоска.
Иницијативата „Да ги направиме градовите отпорни 2030“ (MCR2030), вклучува над 1.700 градови, ги поддржува локалните власти во зајакнувањето на напорите за намалување на ризикот од катастрофи (DRR) и отпорност на климата, придонесувајќи директно за постигнување на Целта 11 за одржлив развој, како и други глобални рамки вклучувајќи ја Рамката Сендаи за намалување на ризикот од катастрофи, Парискиот договор и Новата урбана агенда.
MCR2030 служи како платформа за споделување искуства, градење капацитети и поттикнување иновативни решенија во градовите и урбаните средини. Иницијативата, исто така, се усогласува со Европското партнерство за отпорност, кое има за цел да ја подобри соработката меѓу градовите во Европа за да ги интегрира стратегиите за отпорност во плановите за урбан развој и да ги сподели најдобрите практики.