Uncategorized
Убиен Ал Заркави, десната рака на Бин Ладен
Шефот на Ал Каеда во Ирак, Јорданецот Абу Мусаб Ал Заркави, ноќеска е убиен во Ирак, при американски воздушен напад на куќа во градот Бакуба, северно од Багдад, а убиството го потврди попладнево и Ал Каеда.
Шефот на Ал Каеда во Ирак, Јорданецот Абу Мусаб Ал Заркави, ноќеска е убиен во Ирак, при американски воздушен напад на куќа во градот Бакуба, северно од Багдад, а убиството го потврди попладнево и Ал Каеда.
„Ликвидирањето на Ал Заркави е резултат на заложбите на ирачката влада и народот на Ирак“, изјави премиерот Нури ал Малики за ирачката национална телевизија, додавајќи дека „најбараниот терорист во Ирак бил убиен заедно со седум негови соработници“.
Убиството, како што информираше ирачката национална телевизија, се случило во градот Бакуба, 65 километри северно од главниот град Багдад.
Смртта на Ал Заркави денеска ја потврди и претставникот на американската воена команда во Ирак, генерал Џорџ Кејси, кој информираше дека Заркави бил дополнително идентификуван, по отпечатоците на прстите, по лицето и според белезите.
„Убиството на Ал Заркави е значаен удар за Ал Каеда, бидејќи тој е одговорен за смртта на илјадници Ирачани“, изјави Кејси, додавајќи дека, „и покрај ликвидирањето на Ал Заркави, борбата против терористичката организацијата мора да продолжи, поради тоа што претставува сериозна закана за светот“.
Абу Мусаб Ал Заркави, важеше за многу близок човек на Осама Бин Ладен, а тој статус го доби, поради честите брутални напади врз воени и цивилни цели во Ирак.
Овој терорист се прослави и со спотовите кои кружеа на интернет, во кои ја исмејуваше американската војска и политика.
Ал Заркави е роден 1966 година во Јордан, во палестинска фамилија, која се борела против Израел, во првата арапско – израелска војна.
Во 1989 година, Заркави заминува во Авганистан, каде се бори против советските власти. Таму се запознава со Осама Бин Ладен, по што станува еден од неговите главни соработници
Во 1992 година, Ал Заркави се враќа во Јордан, со цел да го симне од престол про-американскиот крал Хусеин, поради што е уапсен и издржува казна затвор до 1999 година, а е ослободен по пат на општа амнестија. По ова тој се враќа во Авганистан, каде се обучува во логорите на Ал Каеда.
Во 2002 година Ал Заркави го убива американскиот дипломат Лоренс Фолеј, на улиците на Аман, поради што во отсуство е осуден на смрт.
Во меѓувреме под заштита на Садам Хусеин се крие во Ирак, каде воспоставува врски со многу исламски радикали.
Негови жртви се и многу познати личности меѓу кои бразилскиот дипломат Серџо Виера ди Мело и сирискиот режисер Мустафа Акад.
Ал Заркави кој важи за еден од најкрволочните терористи. Беше познат е и по тоа што во остварувањето на светата војна „џихад“, се користи со најсовремени средства меѓу кои и интернетот.
Заркави, инаку специјалист за отрови, се поврзува и со нападите на 11 септември 2001 година.
Тој ја превзема одговорноста и за нападот на зградата на Обединетите Нации во Багдад, 2003 година, кога загинаа 22 лица.
Неговото име се поврзува и со бомбашките напади во Истанбул, 2003 година кога загинаа 23 лица, а над 250 беа ранети.
Одговорен е и за многуте напади со автомобили бомби, во Ирак, во кои загинаа неколку стотици луѓе.
Одговорен е за терористичките напади во Мадрид, 2004 година, кога загинаа 192 лица.
Ал Заркави е познат и по тоа што постојано киднапираше странски работници во Ирак, кој ги користеше за уцени и потоа ги обезглавувше.
Неговото име, односно група се поврзува и со тројцата Македонци од Куманово кои беа убиени во Ирак пред две години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Австралија воведува построги закони за оружје по масакрот во Сиднеј
Долниот дом на австралискиот парламент денес усвои закони со кои се воведува програма за откуп на оружје и построги контроли за лиценцирање како одговор на масовното пукање за време на еврејскиот празник Ханука кон крајот на минатата година.
Законите беа усвоени од Претставничкиот дом со 96 гласа „за“ и 45 „против“ и сега се испраќаат до Сенатот.
„Нападот на плажата Бонди, во кој загинаа 15 лица, беше дело на поединци со омраза во срцата и оружје во рацете“, рече министерот за внатрешни работи Тони Бурк додека ги претставуваше законите.
„Оваа трагедија бара одговор од целата влада. Мора да направиме сè што можеме за да се соочиме и со мотивацијата и со методот“, рече министерот.
Новите мерки вклучуваат национална програма за откуп за намалување на бројот на оружје кај населението. Покрај тоа, постојат планови за воведување построги проверки пред државите да издаваат дозволи за оружје, користејќи информации што ги поседува Австралиската безбедносно-разузнавачка агенција.
Според владини бројки, минатата година во Австралија имало 4,1 милион парчиња огнено оружје, од кои 1,1 милион во Нов Јужен Велс, најнаселената држава каде што се случи пукањето на Ханука.
Покрај тоа, Нов Јужен Велс донесе свој сет закони со кои се ограничува бројот на огнено оружје по лице на четири. Исклучок се земјоделците, кои се ограничени на десет. Понатаму, сопствениците на огнено оружје ќе мора да ги обноват своите дозволи по две години, наместо сегашните пет.
„Бројот на огнено оружје што моментално циркулира во австралиската заедница е неодржлив“, рече Бурк.
Опозицијата ја критикува владата
Поддршката не ја дадоа конзервативните пратеници од опозицијата, кои ја обвинија лабуристичката влада на премиерот Ентони Албанез дека не успеала соодветно да се справи со растечкиот антисемитизам.
Парламентот, на барање на премиерот, го прекина летниот одмор за да дебатира за законите. На дневен ред е и предлог со кој би се намалил прагот за гонење на говорот на омраза.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.

