Uncategorized
Започна Самитот на ЕУ
Средбата на врвот на земјите членки на ЕУ започна попладнето во Брисел, а вечерва би можела да биде отворена дискусија околу временската рамка за решавање на кризата со уставот.
Средбата на врвот на земјите членки на ЕУ започна попладнето во Брисел, а вечерва би можела да биде отворена дискусија околу временската рамка за решавање на кризата со уставот.
Шефовите на држави или влади на 25-те земји членки, на дводневниот самит разгледуваат прашања сврзани со иднината на ЕУ во најширок аспект, но се очекува да ја потврдат препораката на последниот Министерски совет, дека треба да се даде пауза за размислување и дури на крајот од 2007 или во 2008, повторно да се отвори прашањето за проширување на Унијата.
Германија, односно канцеларот Ангела Меркел е најсилен поттикнувач за зачувување на уставот на Унијата, чија судбина е неизвесна по минатогодишното отфрлање на овој документ од Франција и Холандија.
Австрискиот канцелар Волфганг Шисел пред започнување на самитот најави можност да биде лимитиран временската рамка за размислувања и решавање на кризата помеѓу 2007 и 2009.
Идејата на Австријците и Германците е, Берлин во првата половина од 2007 да направи сериозен напор со нови предлози, за да во средината на 2008, веќе се знае одговорот на прашањето како понатаму.
Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, вчера јасно стави на знаење дека без усвојување на уставот нема да може да стане збор за проширување на Унијата со земји од западниот Балкан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Австралија воведува построги закони за оружје по масакрот во Сиднеј
Долниот дом на австралискиот парламент денес усвои закони со кои се воведува програма за откуп на оружје и построги контроли за лиценцирање како одговор на масовното пукање за време на еврејскиот празник Ханука кон крајот на минатата година.
Законите беа усвоени од Претставничкиот дом со 96 гласа „за“ и 45 „против“ и сега се испраќаат до Сенатот.
„Нападот на плажата Бонди, во кој загинаа 15 лица, беше дело на поединци со омраза во срцата и оружје во рацете“, рече министерот за внатрешни работи Тони Бурк додека ги претставуваше законите.
„Оваа трагедија бара одговор од целата влада. Мора да направиме сè што можеме за да се соочиме и со мотивацијата и со методот“, рече министерот.
Новите мерки вклучуваат национална програма за откуп за намалување на бројот на оружје кај населението. Покрај тоа, постојат планови за воведување построги проверки пред државите да издаваат дозволи за оружје, користејќи информации што ги поседува Австралиската безбедносно-разузнавачка агенција.
Според владини бројки, минатата година во Австралија имало 4,1 милион парчиња огнено оружје, од кои 1,1 милион во Нов Јужен Велс, најнаселената држава каде што се случи пукањето на Ханука.
Покрај тоа, Нов Јужен Велс донесе свој сет закони со кои се ограничува бројот на огнено оружје по лице на четири. Исклучок се земјоделците, кои се ограничени на десет. Понатаму, сопствениците на огнено оружје ќе мора да ги обноват своите дозволи по две години, наместо сегашните пет.
„Бројот на огнено оружје што моментално циркулира во австралиската заедница е неодржлив“, рече Бурк.
Опозицијата ја критикува владата
Поддршката не ја дадоа конзервативните пратеници од опозицијата, кои ја обвинија лабуристичката влада на премиерот Ентони Албанез дека не успеала соодветно да се справи со растечкиот антисемитизам.
Парламентот, на барање на премиерот, го прекина летниот одмор за да дебатира за законите. На дневен ред е и предлог со кој би се намалил прагот за гонење на говорот на омраза.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.

