Uncategorized
Рекордни 1.120 милијарди долари е глобалната воена потрошувачка

Американските воени операции во Ирак и во Авганистан ќе ја зголемат глобалната потрошувачка за војската во 2006 година на повеќе од илјада сто и дваесет милијарди долари, колку што беше потрошено изминатата година.
Американските воени операции во Ирак и во Авганистан ќе ја зголемат глобалната потрошувачка за војската во 2006 година на повеќе од илјада сто и дваесет милијарди долари, колку што беше потрошено изминатата година.
Ова се наведува во најновиот извештај на Меѓународниот институт за истражување на мирот (СИПРИ), со седиште во Стокхолм.
СИПРИ во својот годишен извештај објави дека САД потрошиле 48 проценти од вкупната светска потрошувачка за војската во 2005 година и оти оваа држава е одговорна за овогодишниот пораст од 3,5 проценти.
Неколку држави, меѓу кои Саудиска Арабија и Русија, го искористија порастот на цените на нафтата за да ја зголемат потрошувачката за војската.
Најголем пораст во воената потрошувачка реализира бившата советска република Грузија, која бележи пораст од дури 140 проценти, односно од 146 милиони долари.
САД, Франција и Велика Британија се вклучени во групите на меѓународни операции, додека Кина спроведува модернизација на својата војска, се наведува во извештајот.
Велика Британија, Франција, Јапонија и Кина сочинуваат четири од пет проценти во светската потрошувачка за војската.
Потрошувачката на оружје и војска во Иран, исто така, се зголемила за 3,9 проценти, наведува во извештајот СИПРИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Кривична пријава против градоначалникот на општина Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т.(53) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ казниво по член 353 став 3 и 1 , а во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Пријавениот, градоначалник на општина Делчево, на 11.04.2019 склучил договор за јавна набавка на стоки – набавка и испорака на резервни делови, прибори и масла за возниот парк за потребите на општина Делчево со важност од 13.06.2019 до 12.06.2020, во кој договор во спецификацијата била понудена нереално ниска цена, за 16 пати пониска од другите двајца понудувачи.
Од комисијата за јавни набавки на пријавениот Г.Т. му било укажано за невообичаено ниските цени и согласно член 163 став 1 од Законот за јавни набавки бил должен од економскиот оператор побара дополнително појаснување за таквите невообичаено ниски цени и согласно член 169 став 1 точка 4 и 5 од Законот за јавни набавки да го поништи таквиот оглас за јавна набавка. Но, и покрај тоа пријавениот ги пречекорил границите на службената должност со неизвршување на службената должност, фаворизирал и овозможил на правно лице од Делчево да го добие договорот за јавна набавка на стоки – делови за моторни возила за потребите на општина Делчево.
По склучување на договорот, пријавениот наместо да обезбеди правилно и законски користење на средствата на општината и да ги набави деловите со невобичаено ниска цена, не извршил набавка на таквите делови, а извршил набавка и плаќање на сите останати стоки наведени во тендерската документација кои биле со повисоки цени од понудите на другите двајца понудувачи и на тој начин му озовможил на правното лице да се стекне со противправна имотна корист на штета на општина Делчево во износ од 222.760 денари.
Uncategorized
Мицкоски: Когенеративни гасни електрани преку проектот на „Казанчи холдинг“ ќе го намалат загадувањето

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, на новинарското прашање за тоа што планира инвестицијата на „Казанчи Холдинг“ Групацијата од над 1 милијарда евра и кој ќе биде бенефитот за државата, информираше дека важно е што инвестицијата ќе работи по пазарни правила и по пазарни услови. Држава ќе помогнеме во административниот дел.
„Да, тоа е отпочнување на сериозни разговори со оваа реномирана турска компанија „Казанчи Холдинг“. Целта нивна, а и наша цел заедничка, значи целта ни се поистоветува е да изградиме производни капацитети коишто истовремено ќе произведуваат и електрична енергија и топлина. Затоа што само така тие можат да бидат економски исплатливи. Тоа е когенеративен процес. Тоа се гасни електрани коишто произведуваат и топлина и електрична енергија. А топлината, оние делови од Скопје, коишто во моментот не се приклучени на централното греење, ќе можат да ја користат за затоплување на своите домови. Зошто? Затоа што, сите анализи велат дека, најголемата причина, зошто имаме загадување е за жал системот на затоплување на домовите, односно користење на дрва и други типови на фосилни горива или отпад, со што, морам да признам и да заклучам, се загадува животната средина. Не сакам ова да се сфати дека критикувам. Напротив, луѓето немаат избор. Кога луѓето би имале избор, тогаш би било полесно. Но, бидејќи тие немаат избор, никоја Влада претходна не им овозможила избор, тие мораат да ги затоплат своите домови во периодот кога тоа е потребно и се снаоѓаат. И таквото снаоѓање резултира со голема емисија на ПМ2.5 и ПМ10 честички, со што имаме енормно високо ниво на загадување не само во Скопје, туку и во градовите ширум државата. Ова е единствениот начин како можеме ние да го решиме на долг рок, одржлив рок загадувањето, но истовремено и да им понудиме на домаќинствата алтернатива за затоплување на нивните домови. Ќе треба време, периодот е од три до пет години, моја група проценка, но важно е да почнеме. Ако ова се почнало порано, сега ќе било сè поинаку. Но, не се почнало, ние почнуваме. Рековме дека ќе го решиме и почнуваме да го решаваме проблемот. Магионичари не сме, магија тука нема. Ова е инженерски технолошки процес и ќе треба време од три до пет години. Ова е само почеток. Одиме град по град и ќе се обидуваме ваков тип на проекти во секоја од општините, онаму каде што нема организирано централно затоплување, да обезбедуваме, се разбира, да наоѓаме компании кои ќе инвестираат“, објасни Мицкоски.
Премиерот напомена дека ќе нема субвенции надвор од законските и потсети дека во минатото на поедини инвеститори им се даваа енормни повластувања. Се осврна и на тоа дека целта на Владата е да обезбеди затоплување на домовите, онаму каде што е потребно и намалување на емисијата на штетни честички.
„И на крај, да потенцирам, нема никакви субвенции надвор од законските. Нема гарантирани цени, нема гарантирани договори за откуп, нема повластени цени, нема повластени инвеститори, нема стратешки инвеститори итн. Сè се темели на пазарните услови и тоа е главната парадигма зошто влегуваме во овие процеси. Нема како принципот како досега, односно во минатото како што беше, да на поедини инвеститори им се даваат енормни повластувања, да тие бидат ослободувани од разноразни давачки, да државата субвенционира, обезбедува загарантиран откуп итн. Ова е чисто инвестиција којашто ќе работи на пазарни правила и на пазарни услови. Да, ние како држава ќе помогнеме во административниот дел, сè што треба, а е поврзано со државата, согласно законот, ние ќе го помогнеме како процес, ќе го забрзаме итн. Затоа што наша цел е да обезбедиме затоплување на домовите онаму каде што тоа е потребно и намалување на емисијата на штетни честички ПМ2.5 и ПМ10“, изјави премиерот.
Uncategorized
Муртезани на средба со данската амбасадорка Кардел: aкцентот на разговорот ставен врз напредокот на Северна Македонија во процесот на интеграцијата во ЕУ

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска имаше средба со неризедентната амбасадорка на Кралството Данска во Република Северна Македонија со седиште во Белград, Пернил Далер Кардел. Акцентот на разговорот беше ставен врз напредокот на Северна Македонија во процесот на интеграција во Европската Унија, како и на регионалните перспективи за проширување.
Министерот Муртезани изрази благодарност за континуираната поддршка на Данска за евроинтегративниот процес на Северна Македонија и на регионот. Министерот и Амбасадорката го потенцираа значењето на исполнувањето на Копенхашките критериуми како клучен предуслов за успешна интеграција во Унијата. Соговорниците констатираа дека Копенхашките критериуми, кои опфаќаат стабилни институции што гарантираат демократија, владеење на правото, почитување на човековите права и функционирање на пазарната економија, претставуваат суштинска основа за нашите реформски процеси и напредокот кон полноправното членство во ЕУ.
На средбата беше најавена посетата на министерката за европски прашања на Кралството Данска, Мари Бјере во април годинава. МЕП Муртезани подвлече дека оваа посета ќе биде значајна за продолжување на дијалогот за нашето европско досие, особено во светло на претстојното претседавање со Советот на ЕУ, кое од 1 јули годинава Данска го презема од Полска. Соговорниците се осврнаа и на приоритетите на данското претседавање, со посебен акцент на Северна Македонија и регионот, нагласувајќи дека во услови на актуелни геополитички предизвици, заживувањето во пракса на политиката на проширување претставува императив и клучен фактор за стабилноста и безбедноста на регионот и пошироко.