Uncategorized
Басаев убиен во експлозија на камион со експлозив
Најбараниот човек во Русија, лидерот на чеченските бунтовници Шамил Басајев, е убиен во Ингушетија рано изутрината, изјави челникот на руската Сојузна служба за безбедност (ФСБ) Николај Патрушев.
Најбараниот човек во Русија, лидерот на чеченските бунтовници Шамил Басајев, е убиен во Ингушетија рано изутрината, изјави челникот на руската Сојузна служба за безбедност (ФСБ) Николај Патрушев.
Патрушев изјави дека Басајев е убиен заедно со петмина чеченски борци во операција што ја воделе специјалните сили во Ингушетија, регион што се граничи со Чеченија.
“Имаа намера овој терористички лин да го искористат како притисок врз руското водство за време на одржување на Самитот Г08“, изјави Патрушев.
Деталите за тоа како е убиен Басајев се уште, во целост, не се јасни, ниту улогата што ја одиграле специјалните сили.
Басајев, како што јави руската телевизија, е убиен во селото Екажево, во експлозија што се случила во моментот кога чеченски бунтовници полнеле камион со експлозив. Басајев седел во цивилен автомобил покрај камионот, и загинал во голема експлозија. Според друга верзија, експлозивот му го подметнале руски агенти.
“Се случи голема експлозија. Сите кои беа во радиус на експлозијата се разнесени“, изјави министерот за внатрешни работи Беслан Хамхојев за агенцијата Интерфакс.
Веста за убиството на Басајев е “добра вест“ на рускиот претседател Владимир Путин кој се подготвува да биде домаќин на Самитот на Групата осум индустриски најразвиени држави на светот, викендов, во Санкт Петерсбург.
Патрушев изјави дека Басајев, кој ја презеде одговорноста за крвавата опсада на училиштето во Беслан во 2004 година, планирал да нападне цел во јужна Русија, за да му попречи на одржувањето на Самитот Г-8.
Путин изјави дека Басајев, за чија “глава“ Русите распишаа награда од 10 милиони долари, ја заслужил смртта поради својата кампања на убивање.
“Ова е заслужена одмазда за овој бандит поради нашите деца во Беслан, во Будјеновск, поради сите терористички напади што ги изведе во Москва и другите руски региони, меѓу кои и Ингушетија и Чеченија“, рече Путин, коментирајќи ја веста за убиството на Басајев.
За овој терорист за прв пат се слушна кога група бунтовници упадна во болница во Будјеновск, во јужна Русија, и зеде за заложници десетици лица. Во бунтовничкиот напад и подоцнежната акција за спасување на руските сили загинаа 80 лица. Исто така се смета за одговорен за заложничката криза во московскиот театар во 2002 година, кога беа убиени 129 лица. За нападот во Беслан сам ја призна одговорноста.
Претставникот на чеченските бунтовници Ахмед Закајев, за радио станицата Ехо Москва, изрази сомневање во официјалната верзија на случувањата. “Не верувам во операција што ја извеле Патрушев и неговите колеги. Мислам дека се случила фатална несреќа“, рече Закајев, кој се наоѓа во Лондон.
Басајев, роден во 1965 година, остана без левото стапало во експлозија на мина во 2000 година и оттогаш носи протеза. Агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на висок претставник на Ингушетија, јави дека тој е идентификуван според деловите на телото, вклучително главата и протезата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

