Uncategorized
Американски експерти ги пробилe шифрите на „Галилео“
Експерти од американскиот универзитет „Корнел“ успеале да ги разбијат тајните шифра на Европскиот сателитски систем „Галилео“.
Експерти од американскиот универзитет „Корнел“ успеале да ги разбијат тајните шифра на Европскиот сателитски систем „Галилео“.
Со ова се доведени под сомневања проценките на ЕУ дека проектот вреден 3,4 милијарди евра ќе се исплати самиот, преку комерцијални услуги.
Пробивањето на шифрите значи дека сега се слободни сите информации што ги користат корисниците за своите навигациони уреди, изјавил претставник на универзитетот.
Сепак извори од Европската комисија демантираат дека штетата што е направена, е голема.
Конечните шифри се уште не се поставени и тие ќе бидат многу поразлични од сегашните, изјавил претставник на Унијата за британскиот весник Телеграф.
Галилео е заеднички проект на ЕУ, на Европската вселенска агенција и на приватни инвеститори и тој е замислен како конкуренција на американскиот систем за глобално позиционирање – ГПС.
Креаторите на „Галилео“ често истакнуваат дека нивниот систем е во предност поради тоа што ќе бил многу попрецизен од ГПС на Американците, поради што и се смета дека ќе има голем комерцијален ефект.
Првиот сателит од системот на „Галилео“ бил испратен во вселената во декември минатата година, а до 2010 треба да бидат испратени вкупно 30 сателити кои ќе ја оформат мрежата.
/крај/еуобс/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.