Uncategorized
Расте бројот на цивилните жртви во Либан
Израел ги интензивира воените напади врз цели во Либан, а бројот на цивилните жртви континуирано расте, искачувајќи се на 61 загинат цивил и стотина ранети.
Израел ги интензивира воените напади врз цели во Либан, а бројот на цивилните жртви континуирано расте, искачувајќи се на 61 загинат цивил и стотина ранети.
Сите продавници и ресторани во Бејрут се затворени, а туристите се обидуваат да се евакуираат.
Четири цивили се убиени, а 63 други се ранети во последните израелските напади на Либан рано попладнево. Полицијата, потврди дека од почетокот на израелската офанзива пред два дена, бројот на цивилните жртви достигнал 61.
„Три цивили се убиени при бомбардирањата денес на околината на Бејрут, а четвртиот – во јужен Либан", додаде претставник на полицијата.
Израелската авијација и морнарицата повторно ги бомбардираше предградијата на јужен Бејрут, тврдејќи дека станува збор за бастион на Хезболах.
Истовремено, повторно е бомбардиран и аеродромот во престолнината, но и главниот автопат меѓу Бејрут и Дамаск, кој во моментов е надвор од употреба.
Израелската армија бомбардираше и во текот на ноќта, извршувајќи жестоки напади врз повеќе цели. Во тие напади три лица загинаа, а 55 беа повредени.
Дејствата на армијата се должат на таквата наредба која ја издаде доцна синоќа премиерот Ехуд Олмерт, на вонредната седница на Владата.
Офанзива започна во средата, како одговор на заробување на двајца израелски војници и убивање на неколку други.
Во истовреме, најмалку двајца израелци загинаа а над 100 се ранети во одговорот на либанските герилци. Тие истрелаа повеќе ракети од типот „каќуша“ врз северниот израелски град Хаифа.
Нападот врз третиот по големина израелски град за владата на Израел претставува ескалација на конфликтот, по што владин претставник на прес конференција за прв пат го употреби зборот „војна“.
Аналитичарите стравуваат од проширување на конфликтите и вклучување на Сирија и Иран. И двете земји важат за спонзори на шиитската група „Хезболах“.
Претседателот на Иран, Махмуд Ахмадинеџад предупреди денеска дека доколку Израел ја нападне Сирија, тоа ќе претставува напад врз сиот исламски свет, што ќе предизвика соодветна реакција.
Израелските операции ги осудија Европската унија, Русија и арапските земји, а официјален Вашингтон повика на воздржаност.
Во Њујорк е закажана итна седница на Советот за безбедност на ООН. Меѓутоа, предлог декларацијата со која се повикува Израел да ги запре нападите, синоќа беше блокирана од САД, со формално образложение дека недостасувал делот во кој ќе се бара од Либан да не ги поддржува групите на Хезболах.
/крај/тб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

