Uncategorized
Нов идентитет за 8.000 сведоци-соработници
Повеќе од осум илјади сведоци-соработници и околу 10 илјади членови на нивните семејства добиле нов идентитет во рамки на американската Програма за заштита на сведоци, што постои од 1970 година.
Повеќе од осум илјади сведоци-соработници и околу 10 илјади членови на нивните семејства добиле нов идентитет во рамки на американската Програма за заштита на сведоци, што постои од 1970 година.
Сведоците кои ќе влезат во програмата на заштита често се селат во друга држава.
Списокот на држави што им даваат упориште и нов дом на заштитените сведоци, главно на судења за организиран криминал и воени злосторства, ги опфаќаат и Србија, Босна и Херцеговина (БиХ), Црна Гора, Летонија, Литванија, Полска, Чешка, Словачка, Австралија и Канада.
Џозеф Паонес, претставник на американскиот Маршалс сервис, полициска институција што ја води Програмата за заштита на сведоци, вели дека својата работа ја извршува добро благодарение меѓу останатото, и на советот на еден стар мафијаш.
Тој совет гласи – “Три лица може да чуваат тајна само ако двајца од нив се мртви“. Со други зборови, пресудно за Програмата успешно да функционира е да не се случи “протек“ на информации, вели Паонес.
Затоа, новинарите беа изненадени кога добија повик да присуствуваат на неодамнешната меѓународна конференција за заштита на сведоци-соработници во штабот на Маршал сервисот, во Вирџинија.
Државниот обвинител во пензија Џералд Шур е едно од лицата кои учествуваа во изработка на Програмата за заштита за да се надмине стравот потенцијални сведоци да се појават на судењата на припадници на мафијата.
Шур вели дека е многу важно целиот договор за создавање нов идентитет да го вклучи и семејството на заштитениот сведок.
Тинејџер, на пример, побарал од својот татко, заштитен сведок, да му купи нов автомобил. Кога таткото одбил, синот се заканил дека на сите ќе им го каже неговото вистинско име.
Целите се еднакви каде и да постои програма за заштита на сведоци – обид сведокот да го даде клучното сведочење, а не да биде загрозен или заплашен поради тоа што треба да го каже пред суд.
Американската Влада ја плаќа реализацијата на целата програма во вредност од 50 милиони долари годишно, вели досегашниот директор на програмата, кој наскоро треба да се пензионира Керн Новелс.
Во 90 проценти од случаите во кои сведочеле заштитени сведоци, осомничените се прогласени за виновни.
Меѓутоа, и во самата програма има проблеми. Речиси сите сведоци, и самите се криминалци кои тешко отстапуваат од старите навики. Секој петти заштитен сведок, повторно може да се најде пред суд поради нови прекршоци, покажуваат податоците од студијата што ја наведуваат во Маршалс сервисот.
Исто така, одделни сведоци на своја рака ја напуштаа програмата, што во некои случаи беше со трагични последици.
Бившиот член на криминалната банда Бренда Паз, која помогна во сведочење во случајот на убиството за кое беше обвинет нејзиниот бивш дечко, почина од повеќе убоди со нож во 2003 година, два месеца откако ја напушти програмата на заштита.
Министерството за правда, во својот минатогодишен извештај, предупреди дека безбедноста на сведоците би можела да биде загрозена ако владата не обезбеди доволен број на полицајци и средства за програмата за заштита.
/Крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

