Uncategorized
Откажани сите летови од и кон Хитроу
Британската авиокомпанија „British Airways“ ги откажа сите летови кон и од лондонскиот аеродром Хитроу, соопштија извори од компанијата.
Британската авиокомпанија „British Airways“ ги откажа сите летови кон и од лондонскиот аеродром Хитроу, соопштија извори од компанијата.
Откажани се сите летови и од Португалија кон Лондон, со образложение дека постои терористичка закана.
Откажаните летови се однесуваат за авиони кои требаше да полетаат од меѓународните аеродроми во Лисабон, Порто и Фаро, кои требаше да ги вршат авиокомпаниите „Тап Португал“, „Ер Франс“, „Бритиш Ервејз“, „Луфтханза“ и грчката „Олимпик ерлајнс“.
Британската полиција денеска соопшти дека успеала да спречи терористички напади во 20 авиони, кои требало да полетаат од аеродромите во Велика Британија во насока кон градовите во САД, јавуваат британските медиуми.
Од полицијата соопштија дека според оценките овие напади би можеле да ги надминат нападите на 11 септември 2001 година во Њујорк и Вашингтон.
Претходно претставник на Скотланд Јард соопшти дека терористите планирале да разнесат 12 авиони.
Во акцијата на британските специјални служби се уапсени 20 лица под сомнение дека подготвувале терористички напади. Уапсените се млади луѓе, сите од Велика Британија, кои биле со пакистанско потекло.
Според американската телевизиска станица „Си-ен-ен“, САД им помогнале на британските специјални служби во откривањето на терористите. Апсењето е резултат на неколкумесечна тајна операција, посочуваат од полицијата.
Терористите планирале да ги разнесат леталата со експлозив подготвен врз база на течни хемикалии, внесени со рачниот багаж.
Поради ова, од денеска се воведени најголеми мерки на безбедност, при што на патниците им се забранува внесување на каков било рачен багаж во авионите.
/крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Австралија воведува построги закони за оружје по масакрот во Сиднеј
Долниот дом на австралискиот парламент денес усвои закони со кои се воведува програма за откуп на оружје и построги контроли за лиценцирање како одговор на масовното пукање за време на еврејскиот празник Ханука кон крајот на минатата година.
Законите беа усвоени од Претставничкиот дом со 96 гласа „за“ и 45 „против“ и сега се испраќаат до Сенатот.
„Нападот на плажата Бонди, во кој загинаа 15 лица, беше дело на поединци со омраза во срцата и оружје во рацете“, рече министерот за внатрешни работи Тони Бурк додека ги претставуваше законите.
„Оваа трагедија бара одговор од целата влада. Мора да направиме сè што можеме за да се соочиме и со мотивацијата и со методот“, рече министерот.
Новите мерки вклучуваат национална програма за откуп за намалување на бројот на оружје кај населението. Покрај тоа, постојат планови за воведување построги проверки пред државите да издаваат дозволи за оружје, користејќи информации што ги поседува Австралиската безбедносно-разузнавачка агенција.
Според владини бројки, минатата година во Австралија имало 4,1 милион парчиња огнено оружје, од кои 1,1 милион во Нов Јужен Велс, најнаселената држава каде што се случи пукањето на Ханука.
Покрај тоа, Нов Јужен Велс донесе свој сет закони со кои се ограничува бројот на огнено оружје по лице на четири. Исклучок се земјоделците, кои се ограничени на десет. Понатаму, сопствениците на огнено оружје ќе мора да ги обноват своите дозволи по две години, наместо сегашните пет.
„Бројот на огнено оружје што моментално циркулира во австралиската заедница е неодржлив“, рече Бурк.
Опозицијата ја критикува владата
Поддршката не ја дадоа конзервативните пратеници од опозицијата, кои ја обвинија лабуристичката влада на премиерот Ентони Албанез дека не успеала соодветно да се справи со растечкиот антисемитизам.
Парламентот, на барање на премиерот, го прекина летниот одмор за да дебатира за законите. На дневен ред е и предлог со кој би се намалил прагот за гонење на говорот на омраза.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.

