Uncategorized
Исламски лидер јавно предупредил за атентатите во Лондон
Уште пред 15 месеци исламски лидер јавно предупредил за атентатите во Лондон во организација на Ал Каеда, јавуваат денеска британските медиуми.
Уште пред 15 месеци исламски лидер јавно предупредил за атентатите во Лондон во организација на Ал Каеда, јавуваат денеска британските медиуми.
„Во Лондон се наоѓа една многу добро организирана група која себе си се нарекува Ал Каеда – Европа“ – изјавил во интервју за португалскиот весник „Публико“ шеикот Омар Бакри Мохамед, уште на 18 април 2004.
Бакри Мохамед, кој е шеф на Ал Мухаџирун, исламска група која исто така се наоѓа во Лондон во интервјуто децидно рекол: „Знам дека се на пат да остварат голема операција“. Тој уште додал дека „сосема извесно“ Лондон ќе стане жртва на голем удар, „зашто се подготвува од повеќе групи“.
За Бакри Мохамед се смета дека има врски со Абу Катада, човек за кого се претполага дека раководи со Ал Каеда во Европа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.