Uncategorized
ООН: 53.000 деца умреле во 2002 од семејно насилство
Вкупно 53.000 деца во светот биле жртви на брутално семејно насилство во 2002 година соопштија Обединетите нации.
Вкупно 53.000 деца во светот го загубиле животот како последица на брутално семејно насилство во 2002 година, соопштија Обединетите нации.
Овие податоци се содржани во студијата „Насилството против децата“ изготвена од Секретаријатот на Обединетите Нации(ОН). Во неа се предупредува дека постои и скриено насилство врз децата, кое најчесто е одобрено или се толерира во општеството.
Студијата, што е доставена и до Генералното собрание на ОН е прв глобален документ за положбата на децата, како и за обемот и тежината на насилството што се врши врз нив.
Во Студијата, под поимот насилство, освен физичкото насилство, се подразбира и дискриминацијата, сексуалната злоупотреба, понижувачкото казнување во училиштата, бруталноста во семејствата, злоупотребата на децата во институциите.
„ Најдобар начин за справување со насилството врз децата е тоа да се спречи пред да се случи“, изјави независниот експерт по тие прашања, професорот Пауло Сергио Пинхеиро.
Студијата во која што се опфатени човековите права, светското здравје и перспективите на детската заштита, се фокусира на насилството кое што се јавува пред сè во домот и семејството, училиштата и образовните институции, институциите за заштита и згрижување, работните места и во рамки на заедниците.
Екстремното насилство врз децата е едно од главните прашања, но според студијата, насилството за голем број од децата претставува рутина, дел од нивното секојдневие.
Според Светската здравствена организација, во 2002 година 53.000 деца на возраст до 17 години ширум светот починале како резултат на домашно насилство.
Според најновите извештаи на други светски организации 5, 7 милиони деца се присилени на работа, 1,8 милиони деца се присилени на проституција и порнографија, а 1,2 милиони деца во 2000 година биле жртва на трговија со луѓе.
„Насилството врз децата претставува, не само што е насилно кршење на човековите и правата на децата, туку е потресна реалност во нашето секојдневие и општество“, изјави Високиот комесар за човекови права при ОН Луис Арбур.
Генералното собрание на ОН повика на проширување на акциите со цел да се зголеми заштитата на децата од насилството во сите институции каде што тоа постои.
Обединетите нации подготвија 12 препораки кои што се упатени до националните стратегии и системи, кои се однесуваат на собирање на податоци за насилството врз децата и превземање на одговорност за истите.
/крај/ мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

