Uncategorized
Иран ги повика муслиманите на единство
Иранскиот врховен верски лидер ајатолахот Али Хамнеи, денеска ги повика муслиманите да се обединат и да се спротивстават на „предавничкиот заговор“ на Америка и Израел.
Иранскиот врховен верски лидер ајатолахот Али Хамнеи, денеска ги повика муслиманите да се обединат и да се спротивстават на „предавничкиот заговор“ на Америка и Израел.
„Она што денеска се смета за успех на американската администрација и израелскиот режим, е пропаѓање на сите исламски држави“, изјави Хамнеи во телевизиското обраќање, по повод прославата на муслиманскиот празник Бајрам.
Соочувајќи се со се поголем број закани за санкции од меѓународната заедница, поради спорната нуклеарна програма, денеска се огласи и портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Али Хосеини, кој најави можно повлекување на Иран од Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (ИАЕА).
Според израелскиот интернет сервис „Ynet“, иранските власти веќе изработиле и планови, како да се постапи во случај да се наметнат економски санкции поради нуклеарната програма.
Главниот ирански преговарач за нуклеарната програма вчера повтори дека иранските власти, без оглед на се, цврсто се решени да продолжат со нуклеарните активности“.
/крај/х/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.