Uncategorized
Москва бара Лондон да ја истражи контроверзната смрт на Литвиненко
Британските власти треба да ја истражат смртта на бившиот руски шпион Александар Литвиненко, побара официјална Москва.
Британските власти треба да ја истражат смртта на бившиот руски шпион Александар Литвиненко, побара официјална Москва.
“Смртта претставува трагедија, и сега, компетентните британски власти треба да го разгледаат случајот“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во Хелсинки.
Руските служби уште пред неколку дена демантираат дека имаат каква било врска со случајот Литвиненко.
Бившиот агент на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), поранешна КГБ, почина во една лондонска болница, каде беше примен пред три недели поради општо влошување на здравствената состојба.
Смртта на Литвиненко е контраверзна, каква што беше и личноста на починатиот.
Литвиненко се затрул на 1 ноември. Првата вест е објавена две недели подоцна, со отворањето официјална истрага, иако, уште од првиот ден побарал лекарска помош. Лекарите кои на 15 ноември се уште се мислеа дали станува збор за алергиска реакција или за отров, а од 17 ноември па се до завчера тврдеа дека се 100 отсто сигурни оти Литвиненко бил затруен со талиум, сега наведуваат дека починал поради „затајување на срцето“. Причината не ја знаат.
Завчера соопштија дека по детален преглед со рентген во стомакот се гледале три многу ситни предмети налик на топчиња, но не знаеја да објаснат за што станува збор.
Лондонски “Гардијан“ дознава дека британската полиција ја истражува можноста Литвиненко сам да се отрул, или пак да бил заболен од рак и оти неговата здравствена состојба била последица од хемотерапија.
„Дејли Телеграф“ објави интервју со Андреј Луговој, едно од двете лица кои Скотланд јард сака да ги сослуша во врска со средбата на 1.ноември, во лондонскиот хотел Милениум, каде починатиот Литвиненко наводно испил чај, по што му се слошило.
Овој бивш агент на руската државна безбедност се запознал со Литвиненко пред 10 години, кога бил шеф на обезбедување на московската телевизиска станица ОРТ, што тогаш ја водеше олигархот Борис Березовски.
“Сто посто сум сигурен дека не му понудивме, чај бидејќи јас брзав“, изјавил Луговој за “Дејли Телеграф“, кој во британската Амбасада во Москва, изрази подготвеност да биде сослушан или во Русија или во Британија.
Врската со Березовски, за кого руските медиуми пишуваат дека бил многу близок пријател на Литвиненко, датира уште од 1998 година, кога Литвиненко, наводно, ги разоткрил плановите за атентат на тогаш моќниот тајкун Березовски кој е сега во егзил, во Британија. Веднаш потоа беше уапсен под обвинение дека „и штети на службата“, по што помина девет месеци во затвор.
Тој, пред шест години, пребега во Лондон, а неодамна доби и британско државјанство.
Литвиненко беше познат како остар критичар на претседателот Владимир Путин, и мистериозното заболување коинцидира со состанок во локал во центарот на Лондон со италијанскиот наводен експерт за руските тајни служби, Марио Скарамела, кој имал документи на четири страници околу убиството на новинарката Ана Политковскаја, исто така, остра критичарка на Кремљ. И Литвиненко и Политковскаја, според руските медиуми се поврзани со Березовски.
И двајцата го критикуваа Путин за Чеченија. Но, Литвиненко е поврзан и со наводно спречување на атентат на Путин во 2003. Тој, според официјално, но делумно потврдени податоци, во Лондон бил контактиран од двајца руски државјани кои сакале со него да разгледаат план за атентат на Путин во западна земја, со помош на Чеченци.
Бившиот потполковник, како што објави тогаш „Сандеј тајмс“ за ова му раскажал на Березовски, а тој го посветувал сознанијата да ги пријави во полиција, по што, двајцата Руси, од кои еден е мајор на ФСБ, биле уапсени.
/крај/ме/ис/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

