Uncategorized
Шефер – Мисијата во Авганистан може да успее
Мисијата на НАТО во Авганистан, најтешка во досегашната историја на Сојузот, во која се ангажирани 32 илјади војници може да успее, а до 2008 година e можно да се започне со повлекувањето од таа земја.
Мисијата на НАТО во Авганистан, најтешка во досегашната историја на Сојузот, во која се ангажирани 32 илјади војници може да успее, а до 2008 година e можно да се започне со повлекувањето од таа земја.
Ова го изјави генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер денеска во Рига, Латвија, на отворањето на конференцијата на НАТО, во рамките на дводневниот самит на Алијансата.
Авганистан е „изводлива мисија. Мораме да бидеме искрени кога се во прашање ризиците, но, исто така треба да избегнеме драматизирање. НАТО е во Авганистан веќе три години – доволно времена за да знаеме што е потребно за успех", рече Шефер.
„Очекуваме дека до 2008 година би можеле да направиме значителен напредок со
ефикасни авганистански безбедносни сили, кои постепено би ја презеле контролата. Нашата излезна стратегија ќе зависи од тоа дали Авганистан ќе има свои сопствени сили за безбедност", рече Шефер, најавувајќи дека НАТО на самитот ќе договори програма за оспособување на авганистанската војска.
Шефер се зазема и за создавање на меѓународно тело за Авганистан, како Контакт групата за Косово.
„Потребна ние подобра меѓународна координација во Авганистан. Ние мораме да ја гарантираме безбедноста и да работиме на обвновата, но истовремено мораме да се занимаваме и со политиката, бидејќи без тоа ништо не се помрднува, како што видовме на Балканот", рече генералниот секретар.
Идејата за Контакт групата ја изнесе и францускиот претседател Жак Ширак, според кој, таа би ги групирала претставниците на оние земји кои имаат сили во Авганистан, земјите во регионот, вклучувајќи го и Иран и меѓународните асоцијации и организации како ЕУ и Светската банка.
Освен за Авганистан, лидерите на НАТО на дводневниот самит ќе разговараат и за новата улога на Сојузот, како гарант на мирот во светот.
Генералниот секретар рече дека до 2008 НАТО би можел да ја намали својата присутност на Косово и оти западниот Балкан до тогаш би можел да се приближи до Сојузот.
/крај/хн/ил/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Австралија воведува построги закони за оружје по масакрот во Сиднеј
Долниот дом на австралискиот парламент денес усвои закони со кои се воведува програма за откуп на оружје и построги контроли за лиценцирање како одговор на масовното пукање за време на еврејскиот празник Ханука кон крајот на минатата година.
Законите беа усвоени од Претставничкиот дом со 96 гласа „за“ и 45 „против“ и сега се испраќаат до Сенатот.
„Нападот на плажата Бонди, во кој загинаа 15 лица, беше дело на поединци со омраза во срцата и оружје во рацете“, рече министерот за внатрешни работи Тони Бурк додека ги претставуваше законите.
„Оваа трагедија бара одговор од целата влада. Мора да направиме сè што можеме за да се соочиме и со мотивацијата и со методот“, рече министерот.
Новите мерки вклучуваат национална програма за откуп за намалување на бројот на оружје кај населението. Покрај тоа, постојат планови за воведување построги проверки пред државите да издаваат дозволи за оружје, користејќи информации што ги поседува Австралиската безбедносно-разузнавачка агенција.
Според владини бројки, минатата година во Австралија имало 4,1 милион парчиња огнено оружје, од кои 1,1 милион во Нов Јужен Велс, најнаселената држава каде што се случи пукањето на Ханука.
Покрај тоа, Нов Јужен Велс донесе свој сет закони со кои се ограничува бројот на огнено оружје по лице на четири. Исклучок се земјоделците, кои се ограничени на десет. Понатаму, сопствениците на огнено оружје ќе мора да ги обноват своите дозволи по две години, наместо сегашните пет.
„Бројот на огнено оружје што моментално циркулира во австралиската заедница е неодржлив“, рече Бурк.
Опозицијата ја критикува владата
Поддршката не ја дадоа конзервативните пратеници од опозицијата, кои ја обвинија лабуристичката влада на премиерот Ентони Албанез дека не успеала соодветно да се справи со растечкиот антисемитизам.
Парламентот, на барање на премиерот, го прекина летниот одмор за да дебатира за законите. На дневен ред е и предлог со кој би се намалил прагот за гонење на говорот на омраза.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.

