Uncategorized
Средба на Папата Бенедикт XVI и патријархот Вартоломеј Први.
Папата Бенедикт XVI, денеска во Истанбул, треба да се сретне со цариградскиот екуменски патријарх Вартоломеј Први.
Папата Бенедикт XVI, денеска во Истанбул, треба да се сретне со цариградскиот екуменски патријарх Вартоломеј Први.
Една од главните цели на посетата на Папата на Турција е средбата со патријархот Вартоломеј односно јакнење на врските на католиците со 250 милиони православни во светот, сметаат аналитичарите.
Теолозите прогнозираат дека двајцата поглавари ќе пронајдат многу заедничко за разговор во време на се посилен секуларизам, но не очекуваат поголеми исчекори кон зближување на двете цркви раздвоени илјада години.
Вартоломеј би можел да побара помош од Папата при влегувањето на Турција во ЕУ и да нагласи дека приемот на муслиманска земја би бил чекор кон избегнување на “судирот на цивилизациите", меѓу христијанството и исламот.
Во рамки на посетата е предвидено Папата денеска замине во Измир, од каде во Ефес ќе го посети светилиштето „Куќата на Марија“.
/Крај/х/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Uncategorized
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram
Uncategorized
(Фото) Редно беше да ја видиме во проѕирен фустан: тело како ова не заслужува ништо помалку
Актерката Кејт Хадсон, која ја обожававме во романтичните комедии, сè уште нè остава без здив со својата природна убавина и совршен изглед, а честопати се чини дека не остарела ниту еден ден.
Таа е сигурно една од холивудските ѕвезди кои стареат грациозно, а благодарение на редовните тренинзи и внимателно избраната исхрана што ја практикува со години, Кејт Хадсон е меѓу дамите кои со најголема самодоверба знаат како да носат проѕирен фустан – и сигурно заслужуваат да се појават во него.
Кејт позираше во Берлин со Хју Џекмен на премиерата на нивниот нов филм „Song Sung Blue“, а за оваа пригода нè почасти со неочекуван, но исклучително впечатлив и елегантен фустан.

Таа носеше елегантен син, проѕирен фустан со длабоко деколте, зад кој стои потписот на познатата дизајнерка Вера Ванг. Фустанот има големо деколте напред, долги пуфкасти ракави и набори, но и отворен грб, а всушност е целосно направен од тил.
Под фустанот, Кејт носеше црн спортски градник и свиленкасти шорцеви, покажувајќи дека не е една од оние колешки кои „дозволуваат“ премногу да се открие.

Зачудувачката актерка ја врза косата во пунџа, носеше впечатливи обетки и шминка во природни тонови за овој свечен изглед.
фото: принтскрин

