Uncategorized
Непозната група се закани со бомбашки напади во Минск
Белоруските власти ја евакуираа денеска владината зграда, една банка и железничката станица во Минск, откако непозната група се закани со бомбашки напади во таа престолнина.
Белоруските власти ја евакуираа денеска владината зграда, една банка и железничката станица во Минск, откако непозната група се закани со бомбашки напади во таа престолнина.
Група која се нарекува “Белоруска народна ослободителна војска“ предупреди дека поставила експлозивни направи во четири владини згради во Минск, на пет железнички платформи и пруги, како и во филијала на една комерцијална банка.
Соопштението е испратено преку електронска пошта.
Анонимен извор од белоруската служба за итни реакции, за агенцијата Асошиејтед прес, изјави дека е започната истрага, но оти засега не е пронајдена никаква експлозивна направа.
Претставник на опозицијата, за истиот извор, рече дека е можно да станува збор за провокација од страна на белорускиот претседател Александар Лукашенко, и оти властите би можеле да ги искористат овој инцидент за да ги обвинат своите политички противници за тероризам./крај/б/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.