Uncategorized
Европа ќе објави револуционерни промени во енергетската политика
Револуционерни промени во поглед на производството и потрошувачката на енергијата се предвидени во Акциониот план на Европската унија(ЕУ) што треба да биде објавен денеска.
Револуционерни промени во поглед на производството и потрошувачката на енергијата се предвидени во Акциониот план на Европската унија(ЕУ) што треба да биде објавен денеска.
Најдеталниот документ на ЕУ за оваа сфера во моментов е подложен на последни усогласувања и попладне се очекува да биде објавен од претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.
Акциониот план предвидува намалување на емисијата на штетни гасови, намалување на потрошувачката на енергија, а истовремено зголемување на енергијата од обновливите извори на 20 проценти во вкупната маса до 2020.
Таканаречената „индустриска револуција“ на ЕУ накратко предвидува зголемување на производството на енергија добиена од ветер, вода и сонце, производителите да се натераат да произведуваат со нула емисија на штетни гасови, луѓето да живеат во домови кои трошат малку енергија, да се возат во возила што користат биодизел и да можат да купуваат електрична енергија на целосно либерализиран енергетски внатрешен пазар на Унијата.
Акциониот план е изготвен врз основа на долгорочните проценки на различни тела и агенции на Унијата според кои, со вакво темпо на развој потребите на ЕУ за енергија од увоз, ќе пораснат од сегашните 50 отсто на 65 отсто до 2030.
Покрај тоа, постојат и уште пострашни сценарија, според кои, до 2030 година ќе се доведат до минимум сегашните актуелни извори на нафта и гас, а во истовреме потрошувачката ќе се зголеми за 41 процент, по што, ќе следи жестока битка на големите сили за неексплоатираните резерви на Блискиот Исток и на Арктикот.
Меѓународна Агенција за енергија пак, предвидува дека просечната температура на воздухот до 2100 г. ќе се зголеми за 5 целзиусови степени, а околу 2070 г. нивото на океаните ќе се зголеми, што ќе придонесе на пример, нивото на Медитеранот да се зголеми за 1 метар. Сето ова ќе донесе зголемени проблеми со болести и други практични проблеми со кои ќе се сретнат сите држави од Медитеранот, наведува Агенцијата.
„Индустриската револуција“ на ЕУ се совпаѓа и со актуелните проблем со испораката на руски гас и нафта низ досегашните нафтоводи, за што вчера предупреди и германскиот канцелар Ангела Меркел.
Таа укажа на потребата ЕУ да зборува со еден глас во однос на Москва и да направи се што е потребно за да се намали зависноста од Русија.
/крај/ббц/еуобс/тб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram
Uncategorized
(Фото) Редно беше да ја видиме во проѕирен фустан: тело како ова не заслужува ништо помалку
Актерката Кејт Хадсон, која ја обожававме во романтичните комедии, сè уште нè остава без здив со својата природна убавина и совршен изглед, а честопати се чини дека не остарела ниту еден ден.
Таа е сигурно една од холивудските ѕвезди кои стареат грациозно, а благодарение на редовните тренинзи и внимателно избраната исхрана што ја практикува со години, Кејт Хадсон е меѓу дамите кои со најголема самодоверба знаат како да носат проѕирен фустан – и сигурно заслужуваат да се појават во него.
Кејт позираше во Берлин со Хју Џекмен на премиерата на нивниот нов филм „Song Sung Blue“, а за оваа пригода нè почасти со неочекуван, но исклучително впечатлив и елегантен фустан.

Таа носеше елегантен син, проѕирен фустан со длабоко деколте, зад кој стои потписот на познатата дизајнерка Вера Ванг. Фустанот има големо деколте напред, долги пуфкасти ракави и набори, но и отворен грб, а всушност е целосно направен од тил.
Под фустанот, Кејт носеше црн спортски градник и свиленкасти шорцеви, покажувајќи дека не е една од оние колешки кои „дозволуваат“ премногу да се открие.

Зачудувачката актерка ја врза косата во пунџа, носеше впечатливи обетки и шминка во природни тонови за овој свечен изглед.
фото: принтскрин
Uncategorized
Европол разби група платеници ангажирани за киднапирање водач на албанска мрежа за трговија со дрога
Европол вчера поддржа голема операција предводена од Германија, насочена кон група платеници ангажирани од криминална мрежа за киднапирање на водачот на соперничка банда за трговија со дрога.
Агенциите за спроведување на законот од Данска, Франција, Латвија и од Обединетото Кралство учествуваа во операцијата.
Координираната акција се фокусира на латвиски државјани, од кои некои беа активни во Француската легија на странци.
„Овие високообучени лица беа опремени со професионална опрема и дејствуваа во име на организирана криминална група. Ним им беше доверено киднапирањето на водачот на албанската мрежа за трговија со дрога, кој е осомничен за оркестрирање на кражбата на неколку тони канабис во вредност од милиони евра“, се вели во соопштението на Европол.
На денот на акцијата четири лица беа уапсени во Данска, Франција, Латвија и во Обединетото Кралство, а две во Германија.
„Европол одигра клучна улога со олеснување на размената на информации, обезбедување оперативна координација и обезбедување аналитичка поддршка. На денот на акцијата Европол распореди експерти во Ница за да ги олесни размената на информации во реално време и вкрстената проверка на оперативните информации во базите на податоци на Европол обезбедувајќи директни траги до истражителите на терен“, соопшти Европол.
Европол додава дека оваа операција е поврзана со феноменот насилство како услуга, во кој сторителите ги нудат своите услуги за извршување насилни дела во име на други криминални организации. Во овој конкретен случај високообучени експерти се ангажирани од организирани криминални групи за извршување насилни дела. Овој начин на дејствување се открива сè повеќе во разни операции поврзани со сериозен и организиран криминал.
Неколку осомничени во овој случај се поранешни војници на Француската легија на странци. Европол наведува дека ова претставува алармантен тренд што произлегува од војната во Украина.
„Борбено обучените поранешни војници, кои се враќаат од фронтот, би можеле да ги користат своите вештини за организиран криминал претставувајќи потенцијална закана. Како што војната во Украина продолжува и потенцијално се интензивира по нејзиното завршување, Европа би можела да се соочи со зголемен број на овие високообучени лица вклучени во криминални активности“, соопшти Европол.

