Uncategorized
Драстични климатски промени поради човечки фактор
Нивото на светските мориња ќе се зголеми до 59 сантиметри до 2010 година со драстично топење на глечерите на Гренланд и Антарктик.
Нивото на светските мориња ќе се зголеми до 59 сантиметри до 2010 година со драстично топење на глечерите на Гренланд и Антарктик.
Ова се наведува во извештајот на ООН во рамки на Меѓувладиниот панел за климатските промени (ИПЦЦ), презентиран на разговорите што се одржуваат во Париз.
Извештајот содржи досега најсилно предупредување дека човековите активности влијаат врз загревањето на Планетата, зголемувајќи го притисокот на светските влади во врска со активноста во борба против глобалното загревање.
“Најновиот извештај на ИПЦЦ дава докази дека човековата активност довела до драстични климатски промени. Изминува времето за намалување на емисијата на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина”, изјави шефот на Меѓународниот институт за животна средина и развој Камила Тулмин.
ИПЦЦ, група што опфаќа околу 2.500 научници од повеќе од 130 држави, предупреди на можноста од уште пообилни дождови, топење на глечери, суши, бранови на топлина и подигнување на нивото на морињата.
Според документот, веројатноста од над 90 проценти поради користење на фосилно гориво во последните 50 години е главна причина за феноменот на глобално загревање.
Текстот наведува дека е видлива “лепеза од знаци” за климатските промени, почнувајќи од суши во Австралија до рекордно високи јануарски температури во Европа.
Извештајот, претставен на 20 страници, предвидува пораст на температурите меѓу 1,8 и четири степени Целзиусови во 21.век.
Претставниците на ООН порачаа дека се надеваат оти извештајот ќе доведе до итни акции на светските влади за намалување на емисијата на гасови што го произведуваат ефектот на стаклена градина, а што се создаваат преку согорување на фосилно гориво во термоелектраните, фабриките и автомобилите.
/Крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.