Uncategorized
Оставка на Секретарот на Армијата поради скандал со ранети војници

Секретарот на Копнена војска на САД Френсис Харви вчера поднесе оставка поради скандалот со лошите услови за престој на ранетите војници од Ирак и Авганистан во воена болница во Вашингтон.
Секретарот на Копнена војска на САД Френсис Харви, највисокиот цивилен функционер на овој род на оружените сили поднесе оставка поради скандалот со лошите услови за престој на ранетите војници од Ирак и Авганистан на рехабилитација во угледната воена болница Волтер Рид во Вашингтон.
„Jа прифатив неговата оставка. Разочаран сум што некои во војската не ја процениле адекватно сериозноста на ситуацијата во врска со амбулантното лекување во Волтер Рид”, рече министерот за одбрана на САД Роберт Гејтс
Претходно беше разрешен генералот кој раководи болницата, централна медицинска установа на Копнената војска.
Харви рече дека ја понудил оставката бидејќи верува оти војската ги оставила ранетите војници на цедило.
Претседателот Џорџ Буш нареди основање на двопартиска Претседателска комисија која ќе спроведе сеопфатен преглед на условите во националната мрежа на воени и ветерански болници, во кои на лекување и рехабилитација се ранетите од војните во Ирак и Авганистан.
Во саботната радио порака до нацијата, чиј текст го објави Белата куќа, Буш вели дека „ранетите војници ja заслужуваат благодарностa на САД и најдобрата нега која земјата може да им ја овозможи“ и додаде дека е длабоко вознемирен од извештаите за Волтер Рид.
Аферата изби откако Вашингтон Пост објави репортажа во која се опишани и снимени влажни соби, со глувци и глодари во објект во Волтер Рид, каде се сместени војниците. Тие во репортажата сведочат и за бирократскиот лавиринт низ кој минуваат барајќи остварување на нивните права, кои им припаѓаат./крај/хн/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Турција: Нашата дипломатија го спречи доаѓањето на Нетанјаху на самитот во Египет

Турската влада соопшти дека Анкара одиграла клучна улога во спречувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да присуствува на самитот за Газа во Египет.
„По иницијатива на претседателот Реџеп Таип Ердоган и благодарение на турските дипломатски напори, Нетанјаху нема да учествува на состанокот“, изјавил владин претставник за германската агенција „ДПА“.
Израел пак тврди дека Нетанјаху не отпатувал поради еврејскиот празник Симхат Тора, иако претходно беше најавено негово присуство.
Самитот во Шарм ел-Шеик го предводи американскиот претседател Доналд Трамп, а учествуваат најмалку 20 светски лидери.
Uncategorized
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава

Денес во Собранието се одбележа 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. По тој повод претседателот Африм Гаши организираше средба со претставници на Бошњаците кои работат во сферите на академијата, уметноста, културата, граѓанскиот сектор, политиката, администрацијата, дипломатијата и младинските прашања.
На средбата претседателот Гаши ги поздрави присутните и го честиташе меѓународниот ден на Бошњаците што значи потврда на јазикот, културата и идентитетот на бошњачката заедница. Истакна дека иако процентуално бројот на Бошњаци е мал, нивниот придонес во економскиот, културниот и општествениот живот на Република Северна Македонија е мошне значаен и учеството во сите државни процеси е од клучно значење за напредокот и развојот на државата, а истовремено и доказ и потврда за мултикултурното и мултиетничкото општество во кое живееме.
Претставниците во текот на пријателската и неформална дискусија се заблагодарија за тоа што за прв пат се поканети и пречекани во Собранието на толку високо ниво, што е индикатор дека иако во овој состав нема пратеник Бошњак, претседателот покажува интерес за прашањата кои ги засегаат.
Се осврнаа на неколку главни прашања, имено: образованието и усовршувањето на наставниците кои предаваат изборен или задолжителен предмет Босански јазик и култура во основните училишта. Во однос на политичката застапеност, ја повторија иницијативата за загарантирани пратенички места за помалите етнички заедници, како и потребата од внесување на геноцидот во Сребреница во наставните програми, со цел такви злодела на човештвото да не се повторат.
Uncategorized
(Фото) Врската со 11 години помладиот маж ѝ годи: го промени и начиниот на облекување поради него

Каде и да се појави, Џесика Алба предизвикува воздишки. Таа привлекува големо внимание од јавноста и со својот приватен живот, бидејќи по разводот од Кеш Ворен, таа започна романса со колега кој е 11 години помлад од неа.
Но, не е само нејзиниот емотивен живот тој што доживеа ренесанса… Нејзиниот начин на облекување исто така значително се промени, а често ја гледаме една од најубавите актерки во смели комбинации.
Неодамна имавме можност да ја видиме во атрактивна комбинација, а сега таа прошета по улиците на Њујорк во шик комбинација инспирирана од „old money“ стилот.
Jessica Alba Seen Out to Dinner at The Old Rose in New York City 09-18-2025
-> https://t.co/7GqKwBMA18 pic.twitter.com/3y4asNMojt— Tha Starz (@thastarz) September 21, 2025
Таа носеше бела маица и јакна со златни копчиња, а на комбинацијата додаде и лежерни фармерки и бели потпетици. Може да се каже дека нејзиниот стил е комбинација од модерно и елегантно, и совршено ѝ стои.
Едно е сигурно – Џесика Алба процвета по разводот!
фото: принтскрин