Uncategorized
Анкета – Италија следна мета на терористите
Огромно мнозинство од Италијанците страхуваат дека нивната земја ќе биде следна мета на терористите, покажува анкетата што денеска ја објави римскиот весник “Кориере дела Сера“.
Огромно мнозинство од Италијанците страхуваат дека нивната земја ќе биде следна мета на терористите, покажува анкетата што денеска ја објави римскиот весник “Кориере дела Сера“.
Испитувањето на весникот, покажува дека 67 насто од анкетираните веруваат дека нападите ќе се случат за неколку месеци, додека 18 насто сметаат дека италијанските градови набрзо ќе бидат нападнати.
Најмногу се уплашени пензионерите и домаќинките, а помал страв од евентуални терористички напади имаат тинејџерите и факултетски образуваните Италијанци.
Над 40 насто од анкетирани сметаат дека мета на терористите ќе бидат италијанските градови со богато историски и културно наследство.
Зголемениот страв на Италијанците од терористички напади се должи на самоубиствените атентати што овој месец беа извршени во британската престолнина, заклучува “Кориере дела Сера“./крај/фонет/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.