Uncategorized
Идентификувано телото на бомбашот во Шарм ел Шеик
Истрагата во Египет потврди дека го идентификувала осомничениот самоубиец бомбаш во нападите во Шарм ел Шеик, во кои минатата недела загинаа повеќе десетици недолжни луѓе, прецизирајќи дека станува збор за Египќанец, поврзан со Исламистите.
Истрагата во Египет потврди дека го идентификувала осомничениот самоубиец бомбаш во нападите во Шарм ел Шеик, во кои минатата недела загинаа повеќе десетици недолжни луѓе, прецизирајќи дека станува збор за Египќанец поврзан со Исламистите.
Безбедносни извори, како што пренесува Макфакс, наведуваат дека властите во Египет добиле информација за тоа дека ќе биде извршен терористички напад во Шарм ел Шеик само неколку денови пред да се случат атентатите.
Истите извори, кои инсистираат да останат анонимни, наведуваат дека разузнувањето проценило оти цел на нападите ќе бидат казина, така што, безбедноста била крената само во тие објекти. Разузнувачите, велат изворите, не претпоставувале дека ќе бидат нападнати хотели.
Египетските власти, како што пренесува Макфакс, потсетуваат дека до синоќа биле испрашани повеќе од 50 лица во врска со самоубиствени напади во познатото египетско летувалиште на Црвеното море. /крај/ап/тт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.