Uncategorized
САД може да удрат врз Иран во април и со нуклеарно оружје
Соединетите Американски Држави (САД) се подготвени да започнат воени операции против Иран уште во април, а не се исклучува ниту употреба на тактичко нуклеарно оружје, јави вечерва руската државна агенција РИА Новости.
Соединетите Американски Држави (САД) се подготвени да започнат воени операции против Иран уште во април, а не се исклучува ниту употреба на тактичко нуклеарно оружје, јави вечерва руската државна агенција РИА Новости.
Првата половина на април, е датум што го добила агенцијата од извор во руското воено разузнавање.
Минути порано, агенцијата објави дека во интервју за РИА, потпретседателот на Академијата за геополитички науки, генерал полковник Леонид Ивашов, ја смета за возможна САД при конфротација со Иран да употребат тактичко нуклеарно оружје.
Според руските воени разузнавачи, вооружените сили на САД во Персискиот залив ги завршиле сите подготовки за извршување на ракетно-бомбардерски удари врз територијата на Иран, при што веќе биле определени и целите на напад.
Според истиот извор, американската воена команда во првата половина на април, ќе можат во целост да спроведат политичка одлука за воени операции.
Истите извори наведуваат дека после првите ракетни удари и анализата на штетата направен врз иранската армија, може да биде донесена одлука за продолжување на воздушни, но и на копнени операции против Иран, бидејќи и за тоа веќе биле извршени подготовките.
Според генерал Ивашов, како дополнителен знак дека се подготвува воена операција е тоа што во Израел, во моментов се спроведуваат масовни вежби за цивилна заштита.
Како повод, според Ивашов, може да послужи било каков инцидент , вклучувајќи го и тековниот со заробените британски војници.
Генералот наведува дека причина за војната нема да бидат иранските нуклеарни постројки, затоа што со овој степен на развој Техеран ќе може да произведе нуклеарно оружје дури по десет или петнаесет години.
Основна причина ќе бидат нафтата, финансиите и американската економија, како и потребата на Републиканците брзо обезбедат шанса за победа на изборите во 2008 година.
Според Ивашов, нуклеарното оружје би било употребено затоа што 17 до 20 нуклеарни објекти во Иран не можат да бидат уништени со конвенционално оружје, бидејќи постројките се наоѓаат длабоко под земја.
/крај/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

