Uncategorized
Березовски подготвува државен удар против Путин

Рускиот милијардер во егзил Борис Березовски рече
дека активно подготвува насилна смена на рускиот претседател Владимир Путин од својата
база во Велика Британија.
Рускиот милијардер во егзил Борис Березовски рече
дека активно подготвува насилна смена на рускиот претседател Владимир Путин од својата
база во Велика Британија.
На
оваа изјава на Березовски за лондонски Гардијан, руското државно обвинителство
реагираше со најава за отворање истрага.
Березовски,
кој во 2000 г. побегна во Лондон каде доби политички азил, рече во интервју за
Гардијан дека „веќе ги финансира” луѓето блиски на Путин кои „коваат завера за
државен удар”.
„Мораме
да пребегнеме кон сила да го промениме овој режим”, рече Березовски. „Овој режим
не е можно да се промени по демократски пат. Промени не може да има без сила,
притисок”, додава тој.
Запрашан
дали поттикнува револуција, одговори:„Апсолутно сте во право.”
Березовски
не сакаше да ги открие поединостите на планот тврдејќи дека тие информации се
премногу осетливи.
Руското
државно обвинителство веќе реагираше на интервјуто на Березовски најавувајќи
дека ќе започне истрага за наводниот план за соборување на Путин.
„Веќе
им дадов инструкции на надлежните служби за да се отвори истрага, бидејќи
очигледно е дека имаме отворен повик за насилно уривање на уставниот поредок”,
рече државниот обвинител Јуриј Чајка./крај/хн/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Турција: Нашата дипломатија го спречи доаѓањето на Нетанјаху на самитот во Египет

Турската влада соопшти дека Анкара одиграла клучна улога во спречувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да присуствува на самитот за Газа во Египет.
„По иницијатива на претседателот Реџеп Таип Ердоган и благодарение на турските дипломатски напори, Нетанјаху нема да учествува на состанокот“, изјавил владин претставник за германската агенција „ДПА“.
Израел пак тврди дека Нетанјаху не отпатувал поради еврејскиот празник Симхат Тора, иако претходно беше најавено негово присуство.
Самитот во Шарм ел-Шеик го предводи американскиот претседател Доналд Трамп, а учествуваат најмалку 20 светски лидери.
Uncategorized
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава

Денес во Собранието се одбележа 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. По тој повод претседателот Африм Гаши организираше средба со претставници на Бошњаците кои работат во сферите на академијата, уметноста, културата, граѓанскиот сектор, политиката, администрацијата, дипломатијата и младинските прашања.
На средбата претседателот Гаши ги поздрави присутните и го честиташе меѓународниот ден на Бошњаците што значи потврда на јазикот, културата и идентитетот на бошњачката заедница. Истакна дека иако процентуално бројот на Бошњаци е мал, нивниот придонес во економскиот, културниот и општествениот живот на Република Северна Македонија е мошне значаен и учеството во сите државни процеси е од клучно значење за напредокот и развојот на државата, а истовремено и доказ и потврда за мултикултурното и мултиетничкото општество во кое живееме.
Претставниците во текот на пријателската и неформална дискусија се заблагодарија за тоа што за прв пат се поканети и пречекани во Собранието на толку високо ниво, што е индикатор дека иако во овој состав нема пратеник Бошњак, претседателот покажува интерес за прашањата кои ги засегаат.
Се осврнаа на неколку главни прашања, имено: образованието и усовршувањето на наставниците кои предаваат изборен или задолжителен предмет Босански јазик и култура во основните училишта. Во однос на политичката застапеност, ја повторија иницијативата за загарантирани пратенички места за помалите етнички заедници, како и потребата од внесување на геноцидот во Сребреница во наставните програми, со цел такви злодела на човештвото да не се повторат.
Uncategorized
(Фото) Врската со 11 години помладиот маж ѝ годи: го промени и начиниот на облекување поради него

Каде и да се појави, Џесика Алба предизвикува воздишки. Таа привлекува големо внимание од јавноста и со својот приватен живот, бидејќи по разводот од Кеш Ворен, таа започна романса со колега кој е 11 години помлад од неа.
Но, не е само нејзиниот емотивен живот тој што доживеа ренесанса… Нејзиниот начин на облекување исто така значително се промени, а често ја гледаме една од најубавите актерки во смели комбинации.
Неодамна имавме можност да ја видиме во атрактивна комбинација, а сега таа прошета по улиците на Њујорк во шик комбинација инспирирана од „old money“ стилот.
Jessica Alba Seen Out to Dinner at The Old Rose in New York City 09-18-2025
-> https://t.co/7GqKwBMA18 pic.twitter.com/3y4asNMojt— Tha Starz (@thastarz) September 21, 2025
Таа носеше бела маица и јакна со златни копчиња, а на комбинацијата додаде и лежерни фармерки и бели потпетици. Може да се каже дека нејзиниот стил е комбинација од модерно и елегантно, и совршено ѝ стои.
Едно е сигурно – Џесика Алба процвета по разводот!
фото: принтскрин