Uncategorized
Рускиот Сенат за прекин на дипломатските односи со Естонија
Рускиот Сенат денеска едногласно изгласа резолуција со која што бара прекин
на дипломатските односи со Естонија, откако естонските власти отстранија руска
статуа.
Рускиот Сенат денеска едногласно изгласа резолуција со која што бара прекин
на дипломатските односи со Естонија, откако естонските власти отстранија руска
статуа.
Естонската влада, изминатата ноќ, од
средиштето на главниот град Талин ја отстрани статуата на војник од Црвената
армија што ја симболизираше 50.годишнината од советската окупација на Естонија.
На таквата одлука се спротивстави бројното руско малцинство од околу 300
илјади лица, при што во синоќешните демонстрации загина и едно лице.
Демонстрациите беа проследени со
немири во кои беа повредени околу 44 демонстранти и 13
припадници на безбедносните сили, додека 300 лица се приведени.
Локалните
медиуми јавуваат дека демонстрантите на вандалски начин уништиле голем број
автомобили и искршиле излози на продавници во Талин.
Горниот
дом на рускиот Парламент со денешната резолуција го повикува претседателот
Владимир Путин да превземе мерки „вклучувајќи и прекин на дипломатските односи
со Естонија“, јавуваат руските медиуми, кои наведуваат дека рускиот претседател
е должен да ја разгледа резолуцијата, но таа не е обврзувачка.
Руската
дипломатија, изутрината, остро реагираше на демонтирањето на статуата во Талин,
која што во текот на изминатата ноќ беше скриена на тајно место.
Москва,
споменикот го сметаше за сеќавање на загинатите во борбата против фашизмот, но
за Естонците тоа е симбол на болно минато во текот на советската окупација на
нивната земја.
/крај/хи/ам
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

