Uncategorized
Самит ЕУ-Русија
Европската
унија(ЕУ) и Русија денеска во Самара го започнуваат дводневниот самит на кој ќе
се разговара за договорот за ново стратешко партнерство, бидејќи стариот
договор истекува оваа година.
Европската
унија(ЕУ) и Русија денеска во Самара го започнуваат дводневниот самит на кој ќе
се разговара за договорот за ново стратешко партнерство, бидејќи стариот
договор истекува оваа година.
Почетокот на
преговорите претходно го блокираше Полска, незадоволна од одлуката на Русија да
забрани увоз на полско месо.
Тука е и спорот
меѓу Русија и Естонија, уште една членка на ЕУ која некогаш беше под руската
сфера на влијание.
Предмет на овој
спор е неодамнешното дислоцирање на споменикот на советските војници паднати за
време на Втората светска војна од центарот на Талин, на воените гробишта.
Русите се навредени бидејќи другите членки на ЕУ не влијаеле врз владата на
Естонија да не го прави тоа.
Русите, токму по
преместувањето на споменикот, решија да ја реконструираат пругата по која
Естонија од нив увезува нафта. Естонците тврдат дека против нив се воведени
санкции кои не се формално прогласени.
Меѓу другото, на
денешниот самит во Самара најавено е дека ќе стане збор и за Косово, односно ЕУ
ќе се обиде да ја убеди Москва да се согласи за нова нацрт резолуција за Косово
што е предложена во Советот за безбедност на Обединетите нации, а што се базира
врз предлогот на специјалниот пратеник на ОН за Косово, Марти Ахтисари.
Пред почетокот на
самитот, помошникот на рускиот претседател за односи со ЕУ Сергеј Јастрежемски
изјави дека Москва нема намера да учествува во „опасниот експеримент на поделба
на суверена земја спротивно на нејзината волја“.
Европскиот
комесар за проширување Оли Рен повтори дека Брисел се залага за одржливо
решение за Косово. Тој отфрли секаква можност Србија да биде условена со
кандидатура за членство во ЕУ само доколку се согласи за независност на Косово.
/крај/фо/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

