Uncategorized
Финансиските скандали на Гувернерот ја тресат владата
Италијанската Влада изрази синоќа загриженост поради финансиските скандали во кои е вмешан гувернерот на Централна банка Антонио Фацио, на што предупредија претходно и европските лидери.
Италијанската Влада изрази синоќа загриженост поради финансиските скандали во кои е вмешан гувернерот на Централна банка Антонио Фацио, на што предупредиле и европските лидери.
“Ситуацијата креира проблеми околу кредибилитетот на Италија“, изјави министерот за економија Доменико Синискалко на владината седница, додавајќи дека “постои голема загриженост и од страна на ЕУ“.
Јавното обвинителство во Рим, пред неколку денови, покрена постапка за собирање докази против Фацио, под сомневање оти откривал доверливи банкарски информации.
Според надлежните органи, полицијата успеала да открие телефонски разговори меѓу гувернерот и претседателот на Банката БПИ Џанпјеро Фиорани, во кои гувернерот му рекол дека Централната банка нема да се противи на неговите намери да ја купи банката Антонвенета./Крај/ст/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.