Uncategorized
СЗО: Околу 13 милиони лица годишно жртви на загаденоста
Намалување на
загаденоста на воздухот и питката вода може да спасат 13 милиони лица годишно,
се наведува во последниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО).
Намалување на
загаденоста на воздухот и питката вода може да спасат 13 милиони лица годишно,
се наведува во последниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО).
Извештајот
покажува дека Ангола, Буркина Фасо, Мали и Авганистан се меѓу државите што
најмногу се погодени од загадената околина и други ризици, како што се бучава,
несреќа на работно место, земјоделски работи и промена на клима.
Во 23 од 192
држави споменати во документот, во над 10 проценти од случаите причина за загаденоста
се питката вода и загаденоста на воздухот, пред се, поради согоревање на таканаречени
цврсти горива – дрво и јаглен, што се користат за готвење.
Извештајот
наведува дека ниту развиените држави не се имуни на ризиците што ги носи
загадената околина. Во 53 држави во Европа, на пример, околу 1,8 милиони од
смртните случаи би можеле да се спречат секоја година ако се вложат повеќе
напори во создавање на поздрава околина.
Извештајот се
базира врз податоци од 2002 година добиени од здравствените работници, стручна
литература и истражувања.
Ширум светот,
децата помлади од пет години чинат 74 проценти од смртните случаи предизвикани
од дијареа и респираторни инфекции, соопштува СЗО.
СЗО предлага и
употреба на гас или струја за готвење, подобрување на вентилацијата или засолнување
на децата од чад со цел да се намали бројот на жртви и респираторни инфекции и
болести.
/крај/б92/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.
Uncategorized
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram
Uncategorized
Европол разби група платеници ангажирани за киднапирање водач на албанска мрежа за трговија со дрога
Европол вчера поддржа голема операција предводена од Германија, насочена кон група платеници ангажирани од криминална мрежа за киднапирање на водачот на соперничка банда за трговија со дрога.
Агенциите за спроведување на законот од Данска, Франција, Латвија и од Обединетото Кралство учествуваа во операцијата.
Координираната акција се фокусира на латвиски државјани, од кои некои беа активни во Француската легија на странци.
„Овие високообучени лица беа опремени со професионална опрема и дејствуваа во име на организирана криминална група. Ним им беше доверено киднапирањето на водачот на албанската мрежа за трговија со дрога, кој е осомничен за оркестрирање на кражбата на неколку тони канабис во вредност од милиони евра“, се вели во соопштението на Европол.
На денот на акцијата четири лица беа уапсени во Данска, Франција, Латвија и во Обединетото Кралство, а две во Германија.
„Европол одигра клучна улога со олеснување на размената на информации, обезбедување оперативна координација и обезбедување аналитичка поддршка. На денот на акцијата Европол распореди експерти во Ница за да ги олесни размената на информации во реално време и вкрстената проверка на оперативните информации во базите на податоци на Европол обезбедувајќи директни траги до истражителите на терен“, соопшти Европол.
Европол додава дека оваа операција е поврзана со феноменот насилство како услуга, во кој сторителите ги нудат своите услуги за извршување насилни дела во име на други криминални организации. Во овој конкретен случај високообучени експерти се ангажирани од организирани криминални групи за извршување насилни дела. Овој начин на дејствување се открива сè повеќе во разни операции поврзани со сериозен и организиран криминал.
Неколку осомничени во овој случај се поранешни војници на Француската легија на странци. Европол наведува дека ова претставува алармантен тренд што произлегува од војната во Украина.
„Борбено обучените поранешни војници, кои се враќаат од фронтот, би можеле да ги користат своите вештини за организиран криминал претставувајќи потенцијална закана. Како што војната во Украина продолжува и потенцијално се интензивира по нејзиното завршување, Европа би можела да се соочи со зголемен број на овие високообучени лица вклучени во криминални активности“, соопшти Европол.

