Uncategorized
Берлин го избегна спорниот систем на гласање за уставот на ЕУ

Берлин посочи
седум отворени проблеми за кои ќе се дебатира во рамки на расправата за новиот
европски устав на Самитот на лидери на Европската унија (ЕУ) наредната недела,
но не и системот за гласање, објави
Интернет-сајтот ЕУобсервер.
Берлин посочи
седум отворени проблеми за кои ќе се дебатира во рамки на расправата за новиот
европски устав на Самитот на лидери на Европската унија (ЕУ) наредната недела,
но не и системот за гласање, објави
Интернет-сајтот ЕУобсервер.
Германското
претседателство на Унијата, во документ на шест страници што синоќа им го
испрати на државите-членки наведува дека средбите зад затворени врати
изминатите неколку месеци довеле до заклучок оти “постои општа желба да се
постави ова прашање и да се постигне напредок во врска со него“.
“Сите држави-членки
признаваат дека натамошна неизвесност на уставниот реформски процес би можела
да ја стави на коцка можноста да се спаси Унијата“, се наведува во документот.
Меѓутоа, неколку
прашања и натаму остануваат отворени, спроти, како што се именува, “одредувачкиот“
Самит за преговори за договорот што започнуваат на 21.јуни.
Станува збор за
прашањето на симболите и и двоумењето дали би требало да бидат вклучени, и дали
би требало јасно да се посочи дека законот на ЕУ има примат над националниот
закон.
Спорни се и
“можните терминолошки измени“, употребата на Повелбата за основните права,
“специфичноста“ на заендичката надворешна и безбедносна политика,
“разграничување на меродавноста“ меѓу ЕУ и државите-членки и улогата на
државните Парламенти.
И покрај
забелешките на Полска, прашањето за системот на гласање е изоставено од листата
на прашања што бараат “натамошна расправа“.
Полскиот врв,
неодамна, посочи дека Варшава е подготвена на компромис но не и на “капитулација“ за нејзиното
спротивставување на идниот систем на гласање во ЕУ.
Документот на
Берлин детално посочува три подрачја – структура на идниот договор, рамнотежа
на моќта меѓу државите-членки и Брисел и дополнителни елементи што би можеле да
бидат додадени.
Документот
забележува дека 18 држави што ја ратификуваа спогодбата прифатиле новиот
документ веќе да не се именува како устав и оти неговите елементи се дополнети
со закони за важечки спогодби што се сметаат за “големи отстапки“.
Берлин исто така
верува дека повеќето делегации се подготвени да внесат промени во договорот што
вклучуваат членови за климатските и енергетски промени, но само да тој степен
што нема да подразбираат повеќе моќ за Унијата.
Посочено е и дека
постои предлог да се одреди критериум за проширување на што би се дало “поголем
акцент“ во новиот текст.
Конечно,
германското Претседателство на ЕУ сугерира “враќање на класичниот метод на
промена на договорот“. Ова значи дека ќе се побара од државите-членки да го
усвојат “Реформскиот договор“ дополнет со спогодбите од Мастрихт и Рим, од значително
“поемотивниот“ Устав на ЕУ.
Шефовите на
дипломатии на ЕУ ќе расправаат за документот в сабота, пред Самитот на
политичките лидери закажан за наредниот четврток.
/крај/он/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 Октомври – Светскиот ден на храната

Со мотото „Рака за рака за подобра храна и подобра иднина“, Агенцијата за храна и ветеринство (АХВ) се придружи на настанот што го организара Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО за одбележување на 16 Октомври – Светскиот ден на храната.
Во рамките на настанот, кој во организација на ФАО се одржа во скопскиот Градски парк, а беше посветен и на одбележувањето на осумдесетгодишнината од основањето на ООН и ФАО, претставници на АХВ на граѓаните им подели едукативен материјал со совети за безбедна храна – летоци, лифлети и торбички.
ФАО во рамките на Светскиот ден на храната годинава повикува на глобална соработка за создавање мирна, одржлива, просперитетна и безбедна иднина со храна. Со заедничка работа преку владите, организациите, секторите и заедниците активно се работи на трансформирање на земјоделско-прехранбениот сектор во насока на обезбедување услови секој граѓанин да има пристап до здрава исхрана живеејќи во хармонија со планетата.
Агенцијата за храна и ветеринарство и оваа година ја поддржа кампањата на ФАО за одбележување на Светскиот ден на храната истакнувајќи го ставот дека граѓаните во државава јадат безбедна храна. АХВ како институција е дел од синџирот за контрола на безбедноста на храната во земјата од домашно производство и од увоз водејќи сметка таа редовно да се контролира во рамките на редовните и вонредните контроли и многубројните мониторинг-програми, кои се спроведуваат во АХВ, чии досегашни анализи потврдуваат дека македонските граѓани јадат безбедна храна.
Uncategorized
Турција: Нашата дипломатија го спречи доаѓањето на Нетанјаху на самитот во Египет

Турската влада соопшти дека Анкара одиграла клучна улога во спречувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да присуствува на самитот за Газа во Египет.
„По иницијатива на претседателот Реџеп Таип Ердоган и благодарение на турските дипломатски напори, Нетанјаху нема да учествува на состанокот“, изјавил владин претставник за германската агенција „ДПА“.
Израел пак тврди дека Нетанјаху не отпатувал поради еврејскиот празник Симхат Тора, иако претходно беше најавено негово присуство.
Самитот во Шарм ел-Шеик го предводи американскиот претседател Доналд Трамп, а учествуваат најмалку 20 светски лидери.
Uncategorized
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава

Денес во Собранието се одбележа 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. По тој повод претседателот Африм Гаши организираше средба со претставници на Бошњаците кои работат во сферите на академијата, уметноста, културата, граѓанскиот сектор, политиката, администрацијата, дипломатијата и младинските прашања.
На средбата претседателот Гаши ги поздрави присутните и го честиташе меѓународниот ден на Бошњаците што значи потврда на јазикот, културата и идентитетот на бошњачката заедница. Истакна дека иако процентуално бројот на Бошњаци е мал, нивниот придонес во економскиот, културниот и општествениот живот на Република Северна Македонија е мошне значаен и учеството во сите државни процеси е од клучно значење за напредокот и развојот на државата, а истовремено и доказ и потврда за мултикултурното и мултиетничкото општество во кое живееме.
Претставниците во текот на пријателската и неформална дискусија се заблагодарија за тоа што за прв пат се поканети и пречекани во Собранието на толку високо ниво, што е индикатор дека иако во овој состав нема пратеник Бошњак, претседателот покажува интерес за прашањата кои ги засегаат.
Се осврнаа на неколку главни прашања, имено: образованието и усовршувањето на наставниците кои предаваат изборен или задолжителен предмет Босански јазик и култура во основните училишта. Во однос на политичката застапеност, ја повторија иницијативата за загарантирани пратенички места за помалите етнички заедници, како и потребата од внесување на геноцидот во Сребреница во наставните програми, со цел такви злодела на човештвото да не се повторат.