Uncategorized
ЕУ: Клучен самит за идната правна рамка на Унијата
Лидерите на 27 држави-членки на Европската унија (ЕУ) денеска ќе се
соберат во Брисел на клучниот Самит што би требало да ги одреди идните
институционални рамки на Унијата.
Лидерите на 27 држави-членки на Европската унија (ЕУ) денеска ќе се
соберат во Брисел на клучниот Самит што би требало да ги одреди идните
институционални рамки на Унијата.
Според агендата, пред почетокот на
Самитот традиционално се среќаваат и челници на партиски групи застапени во
Европскиот парламент.
Шефовите на држави или влади на ЕУ треба да го разгледуваат предлогот на
германското претседателство што предвидува, со одредени измени, задржување на
најважните делови на европскиот устав што пропадна по неуспехот на
референдумите во Франција и Холандија.
Една од измените е дека новиот документ
со сигурност нема да се вика “устав“ туку договор. Новиот договор би требало да
овозможи полесно функционирање на Унијата и да ги отстрани институционалните
пречки за натамошно проширување.
Сепак, договорот би ги задржал
иновацииите од пропаднатиот устав, меѓу другите, воведување функции како
претседател на Советот на ЕУ со двеиполгодишен мандат, шеф на дипломатија и
намалување на бројот на области за кои се решава со конзенсус.
Според официјалниот распоред, Самитот
би требало да заврши в петок, меѓутоа никој не ја исклучува можноста да
продолжи и в сабота.
Европретставниците, во вторникот, веќе
го разгледуваа предлогот за мандат на Меѓувладината конференција што би се
одржала во втората половина на 2007 и која би го редиригирала конечниот текст
на договор.
Формално, на претстојниот Самит нема да
се разговара за текстот на идниот договор туку за мандатот на Меѓувладината
конференција што според замислите на германското претседателство, е толку
прецизен што всушност претставува скица на договорот.
Целта е на Самитот да се решат сите
спорни прашања а Меѓувладината конференција да се занимава со техничкиот дел од
работата за усогласување на текстот.
Полска, која ја има поддршката на
Чешка, не сака да го прифати решението од пропаднатиот устав според кое
одлуките се донесуваат со двотретинско мнозинство од гласовите што значи дека
одлуката е донесена кога гласаат 55 проценти држави-членки што истовремено мора
да претставуваат најмалку 65 проценти од населението на Унијата.
Варшава, наместо тоа, предлага тежината
на гласот на секоја држава-членка да се одреди со квадратен корен од бројот на
нејзините жители. Овој предлог е сличен на сегашното решение од Договорот во
Ница, според кој, Полска има 27 гласови, повеќе од двојно поголемата Германија,
а државите со нешто помалку жители Франција, Британија и Италија, имаат по 29 гласа.
Последните изјави на полските
претставници покажуваат дека тие се отворени и за други решенија но инсистираат
за тоа да се преговара на Меѓувладината конференција. Ова, меѓутоа, не го
прифаќа претседавачот Германија ниту останатите држави, меѓу кои 18 што го
ратификуваа европскиот устав, бидејќи би значело отворање на Пандорината
кутија.
Лондон, пак, не се согласува Повелбата
за основните права стане правно обврзувачки текст и бара идната дипломатска
служба на ЕУ да биде во целосна надлежност на државите-членки.
Што се однесува на решението за
зголемување на бројот на прашања од областите на правосудство и внатрешни
работи за кои ќе се решава со квалификувано мнозинство наместо консензус, на
што Британија исто така се противи, германското претседателство предлага
“исклучоци“ за оние држави што тоа не го сакаат.
Така, на пример, е решено прашањето за
Шенгенскиот простор во кој Британија не учествува.
Германскиот предлог ги зеде предвид
барањата на Холандија да се зајакне улогата на националните парламенти во
законодавниот процес во ЕУ.
Доколку се постигне договор за мандатот
на меѓувладината конференција, таа до крајот на оваа година, би требало да ја
усогласи содржината и структурата на новиот договор.
Во тој случај би останало доволно време
новиот документ да се ратификува во Парламентите на државите-членки пред
наредните избори за европски Парламент пролетта 2009 година.
/крај/хи/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

