Uncategorized
Лукиќ се согласува да му суди Хашкиот трибунал
Босанскиот Србин Милан Лукиќ, обвинет за воени злосторства извршени за време на војната во Босна, се согласи денеска да му биде испорачан на Хашкиот трибунал, потврдија за западните агенции аргентински судски извори.
Босанскиот Србин Милан Лукиќ, обвинет за воени злосторства извршени за време на војната во Босна, се согласи денеска да му биде испорачан на Хашкиот трибунал, потврдија за западните агенции аргентински судски извори.
Лукиќ се појави денеска пред судот во Буенос Аирес, еден ден откако беше уапсен, отфрлувајќи ги обвиненијата дека за време на војната во Босна извршил злосторства.
„Сакам да ја кажам вистината и да го отстранам петното од мојот живот, бидејќи сум обвинет за нешто што не сум сторил“, изјави Лукиќ. Тој се согласи да му биде испорачан на судот во Хаг, под услов тоа да се случи што е можно побрзо./Макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.