Uncategorized
Предупредување за напад на лондонскиот сити
Терористите најверојатно ќе го нападнат срцето на лондонскиот финансиски организам, познатиот Сити и тоа подрачје веќе го прегледале во потрага по можни цели, предупреди денеска британската полиција.
Терористите најверојатно ќе го нападнат срцето на лондонскиот финансиски организам, познатиот Сити и тоа подрачје веќе го прегледале во потрага по можни цели, предупреди денеска британската полиција.
“Секоја успешна терористичка група однапред ја проценува својата цел“, изјави началникот на лондонската полиција Џејмс Харт за весникот „Фајненшл тајмс“ додавајќи дека нема сомнение оти Сити во неколку наврати било цел на „непријателско извидување“.
Лондонскиот финансиски кварт, познат како Сити, е седиште на стотина банки, осигурителни компании, адвокатски канцеларии и други фирми, вклучувајќи ја и лондонската берза и Англиската банка.
Според Харт, евентуални цели би биле верски објекти, деловни и други значајни згради, односно места “каде би можела да биде предизвикана најголема штета на финансиските системи на лондонскиот Сити“.
И покрај терористичките напади на три возови на подземната железница и на автобус во Лондон на седми јули, кога загинаа 56 лица, само половина од деловните установи во финансискиот центар на британската престолнина имаат планови за случај на напад, рече Харт.
Toj додаде дека институциите не ги земаат многу сериозно предупредувањата за терористички напади.
Лондонскиот финансиски центар има своја сопствена полиција, која тесно соработува со метрополитенската полиција, што го покрива поширокото подрачје на градот и претставува водечка британска антитерористичка сила.
Финансискиот кварт во Лондон во 90-тите години на минатиот век беше цел на напад на Ирската републиканска армија, која во 1993 година постави камион бомба во Бишопсгејт.
Во експлозијата загина едно лице, 40 беа повредени и беше причинета голема материјална штета.
Една експлозија на подземната железница од седми јули се случи во близина на станицата Елдгејт, на источниот раб на деловното срце на Лондон. /крај/ста/тт/м
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

