Uncategorized
Засилени полициски патроли во Лондон
Британската
полиција засилено патролира на улиците на Лондон, додека детективите трагаат по
маж кој бил виден како бега од автомобилот со експлозив оставен во центарот на
градот.
Британската
полиција засилено патролира на улиците на Лондон, додека детективите трагаат по
маж кој бил виден како бега од автомобилот со експлозив оставен во центарот на
градот.
Два напуштени мерцедеси, натоварени
со бензин, канистри со гас и клинци, беа пронајдени во петокот во строгиот
центар на Лондон. Полицијата смета дека возилата биле паркирани на тие локации
со намера да бидат активирани и да предизвикаат повеќе десетици, па дури и
стотици жртви.
Полициски извори наведоа дека
истрагата се води во повеќе правци, а но експертите за тероризам сметаат дека
има знаци кои укажуваат на ќелија поврзана со Ал Каеда.
Скотланд јард не сакаше да го
коментира извештајот на американската Тв станица Еј-Би-Си во кој се тврди дека
полицијата има „совршено јасна“ фотографија на осомничените врз основа на
снимките од безбедносните камери.
Едниот автомобил беше паркиран пред
ноќен клуб во Хејмаркет, во популарна улица полна со продавници, кафулиња и
ресторани, само неколку метри од Трафалгар сквер и плоштадот Пикадили.
Другото возило беше откриено, откако
поради непрописно паркирање беше одвлечено на паркинг во близина на авенијата
Парк Лејн, близу Хајд парк.
Шефот на антитерористичкиот оддел на
лондонската полиција Питер Кларк рече дека експлозивните направи можеле да
убијат или ранат значителен број на луѓе.
„Откривањето на втората бомба
очигледно е повод за загриженост и ја зголемува потребата јавноста да биде
претпазлива“, изјави Кларк.
Бомбите се откриени на една недела
пред втората годишнина од бомбашките напади во Лондон во кои загинаа 52 лица, и
само два дена откако новиот британски премиер Гордон Браун стапи на должноста./крај/б/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

