Uncategorized
Португалија – нов претседавач со ЕУ
Португалија денеска го превзема шестмесечното
претседавање со Европската унија (ЕУ) од Германија, а приоритет на Лисабон ќе
биде усогласување на текстот на новиот договор на Унијата усвоен минатата
недела.
Португалија денеска го превзема шестмесечното
претседавање со Европската унија (ЕУ) од Германија, а приоритет на Лисабон ќе
биде усогласување на текстот на новиот договор на Унијата усвоен минатата
недела.
Португалија најави дека освен реформи во
европските институции, приоритет ќе биде и проширувањето. Токму овие реформи ќе
го олеснат извршувањето на преземените обврски во процесот на проширување.
Новиот договор треба да овозможи полесно
функционирање на Унијата и да ги отстрани институционалните пречки за проширувањето.
Договорот ќе ги задржи новините од
пропаднатиот устав, како што се воведување на функцијата претседател на Советот
на ЕУ со двоиполгодишен мандат, на функцијата висок претставник на ЕУ за
надворешни односи и безбедност, одлучување со двотретинско мнозинство и
намалување на бројот на области за кои се решава со консензус.
Последниот Самит на ЕУ, минатата недела,
договори јасен и прецизен мандат за Меѓувладината конференција што е задолжена
за редигирање на текстот на договорот.
Конференцијата ќе биде отворена на 23.јули во
Брисел, а работата треба да ја заврши до средината на октомври, за да новиот
договор го потврдат членките на Самитот на 18. и 19.октомври во Лисабон.
Рамковно, новиот договор веќе е усогласен, но
се уште не претставува готов производ туку со “висок степен“ на дозавршување.
Во која мерка довршувањето на конструкцијата ќе биде лесно зависи од тоа колку
државите-членки ќе се придржуваат до договорениот мандат.
Ова поради новите најави на Полска, која е
најзаслужна за драматичниот тек на последниот Самит, дека би можела повторно да
отвори некои прашања.
Варшава сега тврди дека на Самитот е
договорен механизам што овозможува одложување на донесување одлука дури до две
години.
Станува збор за механизам што ќе им овозможи
на секоја група земји што им недостасува неколку гласови за блокада на одредена
одлука, да ја одложи оваа одлука, и расправата да продолжи.
Во ваквите случаи, Советот е должен да стори
се за да дојде до задоволувачко решение “во разумен рок“, а тој рок, спорд
европските претставници, трае три или четири месеци однсоно до првиот нареден
Самит на ЕУ.
Инаку, слоганот на пртугалското претседавање
гласи “Посилна Унија за подобар свет“./крај/он/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

