Uncategorized
Садам Хусеин бара меѓународен тим адвокати
Поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин побарал во натамошната судска постапка да биде бранет од меѓународен тим адвокати.
Поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин побарал во натамошната судска постапка да биде бранет од меѓународен тим адвокати.
Ова за телевизијата РТЛ го изјави синоќа Емануел Лидо, еден од досегашните адвокати на Хусеин. Ирачкиот екс лидер, според Лидо, инсистирал на меѓународен тим адвокати и покрај противењето на неговото семејство, кое единствено го признава ирачкиот адвокат Халил Дулајми.
Садам Хусеин против кого веќе е започната постапка, треба да се појави пред специјален суд во Ирак, назначен од САД, за да се соочи со обвинувања за геноцид, воени злосторства и кршење на човековите права на ирачките граѓани./крај/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.