Uncategorized
ИАЕА побара од Иран прекин на нуклеарната програма
Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) постигна согласност околу обновувањето на нуклеарната програма на Иран и побара од таа земја веднаш да прекине со активностите.
Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) постигна согласност околу обновувањето на нуклеарната програма на Иран и побара од таа земја веднаш да прекине со активностите.
Во соопштението објавено синоќа во Виена, се наведува дека резолуцијата со која од Техеран се бара да прекине со активностите за збогатување на ураниумот во лабораториите во Исфахан, била донесена едногласно.
Советот на ИАЕА се состана вчера попладне на барање на САД, откако Иран пред три дена демонстративно ја извади пломбата на претставниците на ООН, со која времено беа запечатени просториите во кои се врши збогатување на ураниумот, т.е производство на гориво за иранската нуклеарна централа.
Истиот ден дојде предупредување од ЕУ дека Иран има право на нуклеарна енергија за цивилни цели, но, не и на сопствено производство на гориво.
Официјална Москва, исто така, го посоветува Иран да не врши активности за збогатување на ураниумот и повтори дека помеѓу Москва и Техеран постои долгорочен договор за снабдување на Иран со руско нуклеарно гориво./крај/бг/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.