Uncategorized
Околу 25 милиони луѓе настрадаа во поплавите во јужна Азија
Поплавите кои од почетокот на
јуни ја зафатија јужна Азија ги однесоа животите на над 1.400 луѓе, а
засегнати се над 25 милиони лица и тоа најмногу во Индија, Бангладеш и Непал.
Поплавите кои од почетокот на
јуни ја зафатија јужна Азија ги однесоа животите на над 1.400 луѓе, а
засегнати се над 25 милиони лица и тоа најмногу во Индија, Бангладеш и Непал.
Во Индија, според информации
на УНИЦЕФ, настрадаа околу 1.100 лица, а најтешко погодени се провинциите Утар
Прадеш, Асам и Бихар.
Во Асам домовите ги напуштиле
5,5 милиони луѓе, поради што се смета дека ова се најлоши временски прилики во
изминатите 30 години.
Во Бангладеш годинава
поплавени се 40 отсто од територијата на државата.
Сезоната на монсуните во јужна Азија трае до септември. /крај/бг/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.