Uncategorized
Шведска ги суспендира цивилните летови за Ирак
Шведска денескаги суспендираше комерцијалните летови за Ирак бидејќи тврди дека на еденшведски авион била истрелана ракета, што Ирачаните го негираат.
Шведска денескаги суспендираше комерцијалните летови за Ирак бидејќи тврди дека на еденшведски авион била истрелана ракета, што Ирачаните го негираат.
Швеѓаните тврдатдека екипажот на авионот МД 83 на „Нордик Ервејз“ со 130 патници што на 8август полетал од Сулејманија, на северот на Ирак, пријавил дека леталото билогаѓано со „некаков проектил“.
Ирачанитеизјавуваат дека пилотот погрешил и дека светлата што ги видел всушност билерефлектори што ги користеле ловците.
Северот на Иракпретежно е населен со Курди и е релативно мирно подрачје. Шведскитевоздухопловни власти не соопштија до кога ќе трае суспензијата на летовите.
Во Шведска сенаоѓаат околу 70.000 ирачки имигранти, главно Курди.
/крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.